ПРИОРИТЕТИ
Прво, мора да верувате дека вие сте над нередот. Начинот да се постигне тоа е прво да се одреди што е потребно да се организира. Размисете, кога објаст е најхаотична во вашиот живот во моментот? Што најмногу предизвикува стрес кај вас? Направете листа и подредете ги сите детали по приоритет и дознајте од каде треба да почнете со решавање на проблемите.
ОБЛЕЧЕТЕ СЕ
Постои тренд кај организираните луѓе. Тие го почнуваат секое утро со иста рутина, без разлика дали одат на работа или остануваат дома. Успешните луѓе најчесто првото што го прават е да го наместат креветот откако ќе се разбудат и на тој начин го започнуваат денот со мало достигнување. Овој мал чин на подготвување за денот без разлика на се дава поинаква перспектива и помага да се биде повеќе продуктивен.
ЗАПИШУВАЈТЕ СЕ
Живееме во време каде хартијата се изоставува и постојано се обидуваме да запомниме баш се. Дали ќе биде тоа вашиот телефон или едноставно на хартија, to-do листата многу ќе го олесни денот, а вие ќе се чувствувате помалку оптеретени.
НЕ ОДЛОЖУВАЈТЕ
Стресот во најголема мера доаѓа од одложувањето на обврските и лошата организација. Колку повеќе чекате да завршите некоја обврска, толку повеќе се зголемува нивниот број и многу често се јавува паника. Обидете се да почнете со завршување на работите веднаш! Не одложувајте, ќе видите дека веднаш ќе биде полесно.
ПОДЕЛЕТЕ ЈА РАБОТАТА
Најчесто сме убедени дека ако сами не ја завршиме работата, никој друг нема. ПОГРЕШНО! Обидете се да побарате помош или поддршка од некој друг. Покрај тоа што ќе почувствувате олеснување со тоа што нема да бидете одбиени, туку и работата побрзо ќе се заврши а вие ќе имате повеќе време за себе.
ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ ОБИДУВАТЕ ДА БИДЕТЕ СОВРШЕНИ
Организираните луѓе имаат тенденција да бидат совршени, што всушност не е вистина. Тоа е само илузија бидејќи имаат простор и можност да го направат добро она што е вистински важно. Ако се обидувате да биде се совршено, ништо не сте направиле.
Обидете да го направите најдоброто што може и бидете задоволни со “доволно добро“ завршената работа. Престанете да си правите притисок за секојдневни активности. Кога телото и умот се слободни, се останато ќе биде подобро направено.
И најважно од се, ПОЧНЕТЕ ВЕДНАШ!