Го знаеме како фантастичен музичар со феноменален глас, пејач со прекрасни песни и многу награди. Но, неговиот приватен живот е полн со контроверзии…
Во 1985 год, родителите на Лени Кравиц се развеле, што оставило длабока трага врз него. Неговата врска со татко му станала екстремно напорна. За да се справи со овој период , Кравиц се фокусирал на музиката. Таа година, на концертот на Њу Едишн , Кравиц ја запознава актерката Лиза Бонет . Лиза работеше на шоуто Козби, најгледаното телевизиско шоу. Тие беа блиски пријатели околу две години пред да се заљубат еден во друг.
Лени Кравиц се сели во Њујорк, сега со својата девојка Лиза, каде што се продуцира шоуто Козби 1987 год. Тиедвајца имаат ќерка Зое Изабела Кравиц, родена на 1ви декември 1988 год. Кравиц и Бонет ја завршија својата љубовна приказна во 1993 год со судска одлука за развод.
Во 2002 год, низ американските таблоиди имаше гласини дека е свршен со Адриана Лима, но Лени ги демантираше, иако подоцна се утврди дека Лима сепак дообила веренички прстен од него. Во 2003 год, Лени Кравиц почна да излегува со Никол Кидман.
Само година дена подоцна, Кравиц и Кидман се разделија. Во септември 2007 год , за Vanity Fair , Никол Кидман обелодени дека измеѓу разводот со Том Круз и венчавката со Кејт Урбан , таа била тајно свршена со некој друг маж. Всушност, многу извори тврдат дека мистериозниот вереник на Кидман е токму Лени Кравиц. Тогаш, ниту еден од нив двајца не ја демантира оваа информација.
Овие врски на Кравиц своевремено предизвикаа внимание во јавноста, ги полнеа таблоидите, Кравиц го имаше на насловните страни… Кравиц, според американските медиуми бил во врска и со Мадона во 1990 година додека бил во брак со Лиза Бонет и со Ванеса Парадис (1997-1998 година), една од поранешните сопруги на актерот Џони Дип.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот