Фотографот од Порторико, Омар Ромблес направи интересен фото-проект во соработка со професионални балетани и балерини и танчари од American Ballet Theatre и The Dance Theatre of Harlem.
Омар кој има повеќе од 200000 следбеници на Инстаграм, слична серија на фотографии имаше направено и во Куба, а сега го одбра Големото Јаболко за да ја покаже моќта на танцот.
Овие прекрасни фотографии на танчери во движење направени се во урбаните и светски познати делови на Њујорк и танчерите заедно со сценографијата создаваат еден совршен контраст на градот кој трча и нивните бавни и смирени движења. Ромблес успеа да долови една поинаква слика за Њујорк, нудејќи ни нови урбани пејзажи со доза на елеганција.
Погледнете колку волшебно изгледа да се танцува сред централното подрачје на Њујорк.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.