Позната и како Агата Мери Клариса Милер (Agatha Mary Clarissa Miller) или според псевдонимот Мери Вестмакот (Mary Westmacott), плодотворна британска писателка на мистериозни романи, раскази, креатор на Херкул Поаро (белгискиот детектив), и Мис Џејн Марпл. Кристи има напишано повеќе од 70 детективски романи под презимето на нејзиниот прв маж, Колонел Аркибалд Кристи. Таа има издадено и неколку љубовни романи и една книга за деца.
Во прилог, неколку цитати од длабоко почитуваната мајсторка на неизвесноста, заговорот и опишувањето на ликовите од повеќето од нејзините современици.
„Каење, тоа е губење време.“
„Младите мислат дека возрасните се будали, а возрасните знаат дека младите се будали.“
„Никогаш не ги прави сам оние работи кога знаеш дека некој друг може да ги направи наместо тебе.“
„Кога од сопственото искуство ќе научиш што значи ужас, тогаш си наоружан против се во животот.“
„Идеалниот маж треба да е археолог. Колку е повозрасна жената толку треба да му биде поинтересна.“
„Кога е во прашање голема сума на пари, се препорачува на никому да не му верувате.“
„Никогаш не ги сакав новинарите. Затоа и ги убив во секоја моја книга.“
„Не ги приметуваме важните моменти од нашиот живот, се додека не биде прекасно.“
„Добриот совет скоро секогаш се игнорира, но тоа не е причина да не го споделиме.“
„Тајната на успехот е да започнеш со акција.“
„Секој убиец е најверојатно нечиј стар пријател.“
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.