Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Заспијте полесно и разбудете се одморени со овие 4 апликации за лесен сон

124
Прегледи
Сподели на фејсбук

Квалитетниот сон е особено важен кога е во прашање секојдневното брзо животно темпо, а недостатокот на сон често не прави нервозни и незадоволни. Сонот, како и повеќето работи во животот е нешто што може да се поправи.

Наједноставниот начин да го направите тоа е преку следните 4 апликации кои ќе ви помогнат полесно да заспиете и да се разбудите одморени…

Calm
Првиот чекор за квалитетен сон дефинитивно е опуштање пред да си легнете. Апликацијата “Calm” е идеална за оние на кои им треба повеќе време за да потонат во сон, токму затоа што нуди различни начини за смирување на мислите, од релаксирачка музика и звуци од природата до водени медитации, оваа апликација со сигурност ќе ви помогне полесно да заспиете и да се одморите во текот на ноќта.

Headspace
Уште една апликација со смирувачко дејство е “Headspace”, создадена од поранешен будистички монах и се темели на медитација. Апликацијата ве води низ кратки вежби на дишење и концентрација. Можете да ја добиете бесплатно, но постои и платена верзија со која добивате дополнително упатства за изведување на разни видови медитација.

Sleep Cycle
“Sleep Cycle” е апликација создадена за оние на кои опцијата snooze им е омилена. Помага да се разбудите полесно од сон, со тоа што почнува да ве буди 20 минути пред вистински поставениот аларм. Без стрес и нервоза, со оваа апликација би можеле дури и да уживате во првите звуци на утринскиот будилник.

Pzizz
Една од оние спасувачки апликации која го воодушеви светот – “Pzizz” помага на едноставен начин во секојдневната рутина да го уклучите попладневниот power nap. Со само неколку допири на екранот на вашиот телефон ќе ве одведе до смирувачки звуци, креирани со цел да ве опуштат и да ви помогнат да потонете во сон. Креаторите на оваа апликација велат дека 20 минути попладневен сон е сосема доволно да се одморите, а притоа да се разбудите свежи и спремни за новите животни предизвици. Апликацијата е бесплатна само во првата недела од употребата.

Сите апликации се достапни на Android и iOS системите.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

Островот на тиркизот – Кефалонија

Следен пост

Kако да носите црно оваа сезона – 3 модни додатоци со најголем ефект

Следен пост

ФРАНЦУСКИОТ БРЕНД NINA BOX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.