Во последните години Кефалонија станува многу атрактивна дестинација за македонските туристи.
Тоа е најголем остров на Јонско море и географски се наоѓа јужно од Лефкада и Итака, а северно од Закинтос.
Има многу заливи кои изгледаат како да се пресликани од филм, послани со песок и камен, а водата чисто сина – се на се прекрасен пејзаж кој сакате да го имате во албумот на сеќавањата.
Во Кефалонија е сниман и филмот „Мандолината на капетан Корелиј“ во 2001 година со Николас Кејџ и Пенелопе Круз во главните улоги. Миртос е најпознатата плажа таму, но покрај неа има уште неколку места кои вреди да се погледнат: Антисамос, Петани и Скала.
Уште една атракција на островот е езерото Мелисани, кои според легендата името го има добиено по нимфата Мелисани која се удавила во него заради невозвратената љубов од богот Пан.
Најголем дел од планинскиот венец Аинос на островот е Национален парк и е покриен со Abies Cephalonica, вид елка кој вирее на Кефалонија и со црн бор.
Климата е топла, а температурата стигнува до 29-30 степени целзиусови.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.