Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

9 топ модели за кои не се осудуваме да кажеме дека се пензионерки

32
Прегледи
Сподели на фејсбук

Многу од нас мислат дека староста е вид на казна или неверојатна болест. Но, погодете што- не е така!

Денешниот наш избор на жени е вистински доказ дека може да стареете и на модерен начин.
Тие имаат повеќе од 70 години и се познати топ модели. Покрај тоа, како многу холивудски актерки и тие не ги кријат годините.
Ги игнорираат стеротипните размислувања и го живеат животот со полни гради.

Најдовме 9 совршени примери и причина повеќе да го заборавите „срамот“ за староста и да ги следите примерот на овие дами.

Lauren Hutton, 72

За време на нејзината кариера постигна рекорден број на модни едиторијали за Вог (26). Во 2013-та таа позираше за насловните страници на 3 списанија: Muse, The Edit и Harper’s Bazaar. Да не ја споменуваме нејзината фотосесија- гола на 61 година.

4073555-Loren2-1469628173-650-fbb1f43b3e-1470070165
Jacqueline Murdock, 86

Како млада дама таа работела танчерка. На возраст од 82 години модна блогерка ја забележа во градскиот парк, а потоа модната куќа Lanvin ја ангажираше за модна кампања.
4072955-Jaklin2-1469619635-650-b0c4c01c0d-1470070165
Daphne Selfe, 86

Таа ја започнала својата кариера на 20 години, но тоа што станала мајка на многу деца било причина да се откаже од улогата на модел. Кога нјзините деца пораснале Daphne влегла во модна агенција и побарала работа. Сега таа е познат модел и се уште работи за модни кампањи.
4073355-Dafna2-1469623819-650-c3ad2e9966-1470070165
Baddie Winkle, 86

Таа и на 86 години е заштитно лице на компанијата DimePiece од Лос Анџелес и тоа за костими за капење! Додека луѓео на нејзини години играат Бинго таа позира покрај базените со модерни костими за капање. На нејзниот инстаграм профил гордо пишува:  ’Stealing your man since 1928.’
4073255-Badi2-1469620002-650-610faf0d54-1470070165
China Machado, 86

Во интервјуто за New York Magzine 86 годишната China вели дека омилен пијалок и е вотка и дека никогаш не држи диети. Единствена козметика што секогаш ја користи е сапун за нега на кожата од билки и дневна и ноќна крема.

4073405-Cina3-1469625948-650-108002f340-1470070165
Valerie Pan, 75

Таа е модел до 60-тите, но повторно се врати на сцената на 65 годишна возраст. Работи со водечка модна агенција од Лондон и постојано е активна во голем дел од случувањата на модната сцена.

4073605-Valeri1-1469620346-650-d3f5112e92-1470070165
Carmen Dell’Orefice, 85

Елегантната дама е запишана во книгата „Guinness World Records“ како модел со најдолга кариера на модната писта. Интересно е тоа што по нејзиното прво фотографирање на 15 години и било кажано дека воопшто не е фотогенична и дека е подобро да ја смени насоката и желбата за модел.

4073305-Carmen3-1469627006-650-ac79c37aab-1470070165
Gitte Lee, 81

Таа е познат модел од 70-тите, но тогаш се омажила. По 50 години се враќа повторно на модата писта и заблескува. На 77 години таа станува ѕвезда на Celine и на Tim Walker за италијанското издание на Вог. Во 2014- та станува заштитно лице на каталогот на H&M.
4072905-Gite2-1469625732-650-74d640c2ba-1470070165
Joyce Carpati, 82

Оваа дама е поранешна пејачка на опера и уметнички директор на American Cosmopolitan. Таа се уште позира за познати списанија, а вели дека нејзината тајна за добар стил е елеганцијата.

4073455-Djois2-1469620446-650-9fb48d1004-1470070165
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Tags: возрасни женигодинижениизгледпознати модели од минатотостареењетоп модели
Претходен пост

Рене Зелвегер им одговори на медумите – „Промената на мојот изглед не се должи на пластични операции“

Следен пост

Кои се најкреативните македонски инстаграмџии

Следен пост

Кои се најкреативните македонски инстаграмџии

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.