Луѓето со силен карактер може често да ви изгледаат како резервирани, можеби малку доминантни или строги. Тие тенденциозно прават анализа на секоја ситуација пред да одлучат каков став да заземат и затоа најчесто останатите ги сметаат за “опседнати со контрола“.
Поради нивната природа насочени се кон планирање и организираност во секој поглед.
6 нивни карактеристики по кои може да ги препознаете:
1. Тие се љубопитни, отворени за дискусија, уживаат при анализирање на информацијата, пред да изнесат свој став и мислење за истата.
2. Ги нервира игнорантноста или ароганцијата и не се плашат да признаат кога погрешиле. Внимателни се при формирањето на свое мислење и најчесто се одлично информирани на секоја тема.
3. Тие се селективни во однос на пријателите и многу прецизно одбираат кого ќе примат да биде во нивна близина. Затоа некогаш ги смеетат за снобови или антисоцијални суштества.
4. Совршено се спремни за решавање на проблеми користејќи ја својата добра информираност и имагинација.
5. Не сакаат оправдувања и ја ценат искреноста.
6. Имаат вистински лидерски способности, голема интуиција особено кога се работи за препознавање на туѓите квалитети или маани.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.