1.Не сте се претставиле на сите
Можеби сте срамежливи по природа, но имате само една можност за оставање на добар прв впечаток. Со други зборови-ако не се претставите на сите околу вас на почетокот, другите ќе помислат дека сте неваспитани а не срамежливи. Покажете дека сте фина и воспитана личност.
2.Немојте да зборите за вашето старо работно место
Експертите имаат откриено дека ова однесување е опасно и дека другите би можеле да го сметаат за досадно и арогантно. Па така избегнувајте да говорите на оваа тема а ако веќе ве прашаат колегите нешто на таа тема, зборувајте само во суперлативи за вашето старо место, бидејќи никогаш не можете да знаете до кого ќе стигнат информациите а и не сакате сигурно шефот и колегите да помислат дека еден ден можеби и за нив ќе говорите лоши работи.
3.Не ветувајте премногу
Како нови работници, сакајќи да ги импресионираат претпоставените, луѓето често даваат ветувања за работи за кои не се ни сигурни дека можат да ги исполнат. На тој начин многу луѓе потценуваат колку време и енергија им е потребно за да завршат некоја работа и да се прилагодат на новата улога. Затоа на почетокот договорете со вашите работодавци реални цели и приоритети, а покасно поставете си по амбициозни цели.
4.Немојте да се облекувате непримерно
За кодот на облекување можете да се информирате уште од првиот ден, но ако случајно нема код на облекување, морате да припазите на вашиот стил. Ако немате строго утврдени правила на облекување тоа не значи дека можете како сакате да се облекувате. На тој начин само ќе оставите впечаток на непрофесионализам и неискуство.
5.Поставувајте прашања
Во ниту еден случај не смеете да ги оптеретувате колегите со милион прашања додека работат, но тоа не значи дека не би требало ниту да поставувате прашања, бидејќи така ќе покажете незаинтересираност. Составете листа на прашања кои ќе им ги поставувате од време на време на колегите и надредените.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.