Ако некои места ги посетувате заради ноќниот живот, други заради плажите, трети пак, заради шопинг манијата, овие пет града мора да ги посетите заради нивната величествена архитектура.
Истражете го непознатото, дружете се со локалното население и откријте ги убавините на секој град.
Барселона
Главниот град на Каталуња е вистинско место за уживање на љубителите на архитектурата – Саграда фамилија, Каса Педрера, паркот Гуел, Каса Батиљо се вистински ремек дела на Антонио Гауди. Не смеете да ги пропуштите ни улицата Рамбла, Шпанското село, хотелот Мажестик. Каде и да се свртите, пред вас ќе се појави нешто ново и прекрасно.
Сент Петерсбург
Вториот најголем град во Русија им нуди на посетителите импресивна историја и многу архитектонски скриени богатства. Меѓу нив е и црквата на Спасителот, малата зимска кралска палата. Ама, во градот има и многу модерни зданија, како на пример хотелите Асторија и Роко Форте, но и целата област позната како „нова Холандија“.
Прага
Градот поседува старински шарм. Тој е историски центар на архитектурата, со својот стар градски плоштад, замокот и стариот средновековен часовник. Катедралата Св. Вито е позната по својот готски шарм. Но, во градот полека навлегува и модерниот дизајн, па Прага е спој на двете.
Виена
Помеѓу палатата Шонбрун и операта од 19 век, како и катедралата Св. Стефан, главниот град на Австрија го нуди најубавото за љубителите на старите градби и историјата. Модерни зданија има, особено во центарот, но и понатаму доминира старата архитектура. Посетете ги и музејот Леополд, паркот Хајат Виена и ултрамодерната Централна станица.
Будимпешта
Составен од Будим и од Пешта кои се наоѓаат на спротивните страни на дунав, главниот град на Унгарија е еден од најубавите во Европа. Со својата архитектура, историја, неверојатните арт-ново ентериери, бањите од 16 век и црквите изградени долго пред тоа, овој град ќе ги разбуди сите ваши сетила.
Не двоумете се – изберете една од овие дестинации како своја следна станица за патување.