БИК (20 април – 20 мај)
Според астрологот Ејми Трип, оваа година за биковите може да донесе големи промени кои ќе ви го здрмаат животот на неочекуван начин. Кога Уран ќе влезе во Сонцето, не е невообичаено да се случат големи животни пресвртници, како што е бракот.
Постои можност некои бикови да запознаат нова личност на почетокот на оваа година и во рок од 6 месеци врската да ја претворат во нешто посериозно. Со оглед на тоа дека биковите се познати по тоа дека им е попријатно да ја создаваат врската со партнерот поспоро од останатите, ова би било навистина огромен чекор за нив.
ВАГА (23 септември – 23 октомври)
Оваа година вагите ќе почуствуваат огромна потреба за сигурност и приврзаност – повеќе од вообичаено. Ќе сакаат да знаат каде е точно нивното место и дали животот им се одвива онака како што си го замислувале. Некои ваги ќе направат голем пресврт на својот живот и можеби ќе го променат долгогодишниот партнер, а некои можеби врската ќе ја подигнат на сосема ново и возбудливо ниво – на интересен и неочекуван начин.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 21 ноември)
Оваа година, шкорпиие ќе добијат поддршка од Сатурн и Плутон што ќе им овозможи комплетна трансформација на нивните идентитети. Оние шкорпии кои речиси се откажале од пронаоѓање на вистинскиот партнер за себе, 2020 може навистина да ги изненади. Познато е за шкорпиите дека потајно замислуваат брачна заедница со секој партнер со кого имаат и обична афера, сепак среќата може вистински да им се насмевме оваа година.
РИБИ (19 февруари – 20 март)
Како вистински романтичари во зодијакот, за рибите оваа година ќе биде незаборавна. Слично како за шкорпиите, планетите ќе работат на тоа да ја донесат вистинската личност за вас, во вашиот живот. Вашата силна потреба за љубов на ново ниво ќе биде необично силна, само внимавајте и осигурете се дека личноста со која го посакувате сето тоа е вистинската за вас.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.