Сидарта Гаутама Буда е мудрец кој во текот на 45 години од своето работење и проповедање, ги учел сите класи, мажи и жени, царови и селани, трговци и просјаци, светци и крадци – без да прави и најмала разлика помеѓу нив. Буда не ги признавал различностите по социјалната состојба или според класата на народот, и патот, кој тој го проповедал, бил отворен за сите луѓе, кои биле способни да го разберат и следат
Главното учење според Буда е:
– За да има радост мора да има болка. Само откажување од задоволствата води во целосен мир;
Инспиративна мисла заради која решивме да издвоиме уште неколку негови големи мисли кои ќе ве наполнат со позитивна енергија:
- Јазикот е како остар нож, те убива без да пушти крв.
- Има само две грешки кои човек може да ги направи на патот кон вистината; да не го изодите до крај или да не го ни почнете
- Умот е се. Тоа што го мислите, таква личност станувате.
- Нема да бидете казнети заради вашиот гнев. Гневот ќе биде вашата казна.
- Кога ќе сфатите колку е се совршено, тогаш легнете со главата на земја и поглед кон небото и насмевнувнете му се со цела душа.
- Ајде да се издигнеме над себе денеска и да бидеме благодарни за тоа што не научивме многу, но барем научивме нешто;а ако не научивме малку барем не се разболевме, а ако бевме болни барем не умревме. Ајде сите да бидеме благодарни.
- Омразата не се губи со мразење – само со љубов; ова е вечно правило.
- Тајната на доброто здравје на телото и умот не е да жалиме за минатото, да се грижиме за иднината или да ги очекуваме проблемите кои доаѓаат, туку да живееме во сегашноста мудро и искрено.
- Не верувајте на кажаните зборови, без разлика кој ги изговорил или напишал. Дури и јас да сум го кажал, освен ако не се согласува со вашите лични ставови и причини и со вашата здрава свест.
- Мирот произлегува од внатре. Не го барајте на друго место.
- За да разберете сè треба да простите сè.
- Не можете да го изодите патот се додека вие не застанете патот.
- Никогаш не го преценувајте она што сте го добиле и не им завидувајте на другите. Оној кој им завидува на другите нема спокој.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.