Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Која е Пријанка Чопра, новото име во Холивуд

67
Прегледи
Сподели на фејсбук

Пријанка Чопра е новото име во Холивуд за кое го зборуваат сите и на која ѝ се превидува светла иднина. Родена е во Индија, растела опкружена во љубов од нејзините родители кои имале голема улога во нејзиниот успех на тој начин што ѝ помогнале да порасне во личност без предрасуди и добро образование.

Пријанка таа успеала да се формира себеси како комплетна личност и да стане неверојатна и влијателна жена на денешнината.

14081223_10210843553832743_1589167681_n

Нејзината првична желба била да стане софтверски инженер или психолог, кон тоа покажувала наклонетост во текот на школувањето, но по игра на случајноста таа сепак се одлучила за актерската кариера.

Во 2000 година ја освои титулата Мис Индија, а истата година следеше и титулата за најубава жена на светот.

Во нејзиното професионално портфолио се запишани 50 филмови на Боливуд што ѝ помогна да го има своето деби на американската телевизија во шоуто „Quantico“, а беше дел и од римејкот на филмот „Baywatch“ кој својата премиера ќе ја доживее ова лето.

14017557_10210843553792742_1552827757_n

Пријанка успеа да ги пробие расните бариери и да добие главна улога во една од најгледаните американски серии, наместо малите и споредни кои досега ги добивале нејзините сонародници.

„Среќна сум што го глумам ликот на Алекс Периш, силна, остроумна жена која може да постигне сè во животот и покрај бројните пречки што ѝ се поставени на патот. Верувајте, не дека глумам јас во серијата, но мора да го гледате „Quantico“, изјави Чопра пред почетокот на втората сезона.

Нејзиниот став е дека убаво е да се биде признаен во погoлeми размери и да се излезе од стереотипите.

Токму затоа побарала од нејзиниот агент првата улога на американскиот пазар да биде вистинска, наместо минорна и деградирачка, сакајќи да ѝ одговара на талентот.

Со тоа стана првата индиска супер ѕвезда која има голема улога во американски филм.

Кога ќе ја погледнете Пријанка Чопра, првата работа што ја гледате е нејзината убавина. Уште еден стереотип со кој се соочува во текот на животот е токму тоа – надворешниот изглед заради кој луѓето ја доживуваат како површна и глупава.

Но, оваа индиска актерка го докажува спротивното, таа е успешна жена која граби кон животот и на која ѝ предвидуваат светла иднина во Холивуд.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Tags: боливудкоја е пријанка чопрапријанка чопрахоливудчувари на плажата
Претходен пост

На кратко со..Елена Петреска

Следен пост

Елизабет Тејлор за љубовта: 9 работи кои мораме да ги знаеме

Следен пост

Елизабет Тејлор за љубовта: 9 работи кои мораме да ги знаеме

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.