Вера Ванг е синоним за добар вкус, убавина и пари. Една од најпознатите дизајнерки на денешницата открива како изгледа еден нејзин работен ден. Обрнете внимание, можеби токму во наредните редови се крие тајната на нејзиниот голем успех.
Вера се буди во осум часот наутро, вели дека спиењето и е голем луксуз и дека не станува многу рано… Кога може си дозволува да спие и до десет часот наутро и потребни и се седум до осум часа сон како би функционирала добро во текот на денот. На спиење оди облечена во дебели алишта бидејќи секогаш спие во студена соба.
Првото нешто што го прави штом ги отвори очите е проверувањето на нејзините телефони. Нејзината куќна помошничка и носи појадок во спалната соба, најчесто тоа е јогурт и свежо овошје или јајца и пилешко месо. Откако ќе појадува пие кафе, крева тегови и медитира.
Наутро, секогаш сака топла купка во која става бебешко масло како би имала мека кожа. Не користи многу шминка, се труди да се облекува што понеформално и најчесто ќе ја видите во хеланки и широка маица иако создава неверојатни вечерни, невестински и свечени фустани.
Вози комбе, затоа што тоа е најпрактичниот автомобил за неа и за нејзините пет деца. После десет пристигнува во нејзината канцеларија и вели дека во нејзината компанија сите функционираат како едно големо и среќно семејство. Не излегува на пауза за ручек освен ако нема некој важен состанок. Во текот на работниот ден пие исклучиво вода.
Попладне излегува од канцеларија и работните обврски ги извршува од телефон во движење. Сака да оди на шопинг, да испробува деликатеси по рестораните за вечера…
Вечерите дома се резервирани за вежбање, топла купка, работа и дружење со нејзините деца.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот