Нов прозрачен мирис инспириран од медитеранското наследство на Bvlgari.
„Таму каде што е светлината, таму е животот. Таму каде што е сонцето, таму е енергијата.“
BVLGARI MAN ги поместува границите и не носи на ново офлакторно патување со BVLGARI MAN WOOD NEROLI. Со колекцијата BVLGARI MAN, брендот раскажува приказна за поврзаноста на човекот со светот, создавајќи сензорно искуство околу инстиктите и суптилната рамнотежа меѓу човештвото и елементите.
Колекцијата оддава почит кон италијанските корени на Bvlgari, преставувајќи ново поглавје во нарацијата која што започна со Bvlagari Man Wood Essence.
Инспириран од дивата страна на италијанското крајбрежје, новиот мирис ја зема земјената страна на Bvlgari Man Wood Essence и ја врти кон сонцето, дополнувајќи ја линијата со светлина со цел да се создаде нова свежа врска помеѓу човекот и природата.
Да се создаде мирис кој ги соединува дрвото и светлината, мастер парфимерот Alberto Morillas се фокусира на моментот кога медитеранското сонце го загрева горчливото дрво од портокал и на тој начин успева да го поврзе човекот со неговата најчиста и најсуштинска, вредност. При изработка на мирисот, Alberto Morillas има визија за човек во природата кој цврсто стои со двете нозе на земја, неговата кожа се топли на сонцето, а тој се поврзува со земјата и небото – но над сето тоа се поврзува со себеси.
Светлината е живот, тоа е една од најмоќните сили на природата, без разлика дали се наоѓа во срцето на природата или во градот кој постојано е во движење. Новиот мирис е омаж за виталноста, со средни и топ ноти кои го доловуваат мирисот на цвеќињата, дрвјата и гранките на горчливото дрво од портокал.
Bvlgari Man Wood Neroli се отвора со мирис на брилијантниот нероли. Свеж, цветен, со сончева енергија, каде се чувствува присуството на сол и бергамонт, мирис кој го носи поблиску Медитеранот. Во срцето на парфемот се белиот мошус кој всушност е потпис на брендот. Нежни, сензуални и кристални ноти, кои го носат луксузот на вашата кожа, правејќи да се чувствувате пријатно.
Шишето на парфемот ја покажува суровата и силна страна, Тоа е комбинација на металик и злато, сончева енергија, своевиден моќен талисман кој е врската помеѓу природата и урбаните пејзажи.
Со мирисна структура што го користи секој дел од горчливото дрво од портокал, Bvlgari Man Wood Neroli е метафора на човекот и неговите суштински аспекти. Корените на дрвото се неговото сидро, стеблото е неговото тело, гранките, лисјата и плодовите ја симболизират неговата аура.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот