На 29 мај, колективниот постапувач за моторни масла и отпадни моторни масла, Еко Флуид зема учество на 6-тата меѓународна конференција организирана од МАСВА, со тема „Патот до одржливо управување со отпад”.
Тимот на Еко Флуид одржа влијателна презентација, преку која ги споделија нивните вредности, визија и услугите што секојдневно ја менуваат иднината на отпадото моторно масло во нашата земја.
А посебно внимание привлече нивниот пријател – маскотата КАПКО, кој на симпатичен и едукативен начин ги претстави нивните бројки, достигнувања и еко- успеси.
Ова е само уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат – кон почиста, поодговорна и поодржлива иднина.
Од Еко Флуид се заблагодаруваат до сите што се дел од нивната мисија.
Продолжуваме понатаму, уште помотивирани!