Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Истражување, младенчињата на Мегалодонот меѓусебе се јаделе уште во телото на мајката!

Истражување, младенчињата на Мегалодонот меѓусебе се јаделе уште во телото на мајката!
10
Прегледи
Сподели на фејсбук

Мегалодон, најголемиот вид ајкула што некогаш постоел во историјата на Земјата, веројатно имал некаков грозоморен метод за почеток на животот, сметаат научниците.

Според новото истражување, младенчињата од ајкулата Мегалодон (Otodus megalodon), кои кога се раѓаат се поголеми од возрасен човек, сугерира дека тие се раѓаат живи и оти во матката на мајката ги јаделе своите браќа и сестри близнаци.

„Резултатите од оваа работа фрлија ново светло врз историјата на животот на Мегалодонот, не само како тој растел, туку и како се развивал за време на неговиот ембрионален живот“, изјавил палеонтологот Мартин Бекер од Универзитетот Вилијам Патерсон.

Има многу докази за Мегалодоните во фосилните записи. Џиновските ѕверови живееле во периодот од пред 23 милиони до околу 3,6 милиони години, доминирајќи во океаните.

И бидејќи ајкулите континуирано ги менуваат забите за време на целиот свој живот, палеонтолозите откриле многу заби од Мегалодон во фосилните наоѓалишта.

Но, тоа е во основа сè што нашле од нив. Скелетите на ајкулите се ‘рскавици, а не коски, па затоа сѐ што знаеме за овие џинови е извлечено од проучувањето на нивните заби. На пример, врз основа на големината на неговите заби, знаеме дека Мегалодоните биле долги околу 15 метри, со широчина на отворената вилица до 3,4 метри.

Меѓутоа, иако забите го сочинуваат најголемиот дел од фосилните пронајдоци за Мегалодонот, истражувачите успеале да најдат и некои пршлени. Дел од нив се чуваат во Кралскиот белгиски институт за природни науки, од кои научниците дознаваат повеќе за раниот живот на овие мистериозни животни.

Како што растат ајкулите, така растат и нивните пршлени, во слоеви нанесени на годишно ниво, слично како прстените на дрвјата. Така, тимот антрополози избрал 15 пршлени за кои се сметало дека се од иста ајкула и ги подложиле на микро компјутерска томографија на Х-зраци.

Претходната анализа на овие пршлени сугерирала дека испитуваниот примерок, кога умрел, бил долг околу 9 метри.

Потоа, тие повнимателно го погледнале најголемиот пршлен, барајќи ги промените на прстените што се случуваат при раѓањето. Од ова, тие утврдиле дека во моментот на раѓање, младенчето имало должина од 2 метра.

Ова е веројатно доказ за најголемото кученце ајкула што некогаш постоело – но, што е важно, исто така сугерира дека младенчињата со мегалодон се родени во живо.

Иако повеќето ајкули своите младенчиња на свет ги носта преку полагање јајца, има и видови, меѓу кои и Мегалодонот, кои младенчињата ги раѓаат живи.

Кај некои од живородните видови младенчињата меѓусебе се јадат веднаш штом запливаат, но кај Мегалодонот таквата појава започнувала уште во матката!

Ова, се разбира, резултира со помалку живи млади, но се смета дека ајкулите што преживуваат имаат поголема предност за преживување, бидејќи се раѓаат поголеми и посилни отколку ако се изведат на отворено и не учествувале во пренатален канибализам.

„Како едно од најголемите месојадни животни што некогаш постоеле на Земјата, дешифрирањето на ваквите параметри на раст на Мегалодонот е клучно за да се разбере улогата што ја играле големите месојади во контекст на еволуцијата на морските екосистеми“, изјавил палеобиологот Кеншу Шимада од Универзитетот ДеПол.

Истражувањето е објавено во Eurekalert.

Претходен пост

ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

Следен пост

Научниците кои ја развија вакцината против Ковид-19 на чекор до вакцина против мултиплекс склероза

Следен пост
Научниците кои ја развија вакцината против Ковид-19 на чекор до вакцина против мултиплекс склероза

Научниците кои ја развија вакцината против Ковид-19 на чекор до вакцина против мултиплекс склероза

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете не и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Следете нѐ и преку нашата страница на facebook


This will close in 9 seconds