Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Истражување: Делови од дождовните шуми на Амазон би можело да исчезнат до 2026 година!

84
Прегледи
Сподели на фејсбук

Фатени помеѓу рапидното проширување на употребата на ресурсите, но и пожарите што ги поттикнуваат климатските промени, иднината на дождовната шума во Амазон и зачудувачката низа животни кои живеат  во нив, се сериозно загрозени.

Во новиот извештај за Животна средина: „Наука и политика за одржлив развој“, геологот Роберт Туви Вокер од Универзитетот во Флорида ги коментира неодамнешните истражувања за дождовните шуми на Амазон и изнесува загрижувачки заклучок.

Продолжените суви сезони наскоро повеќе нема да дозволат ревитализација на живиот свет за пет години, колку што им се потребни за да се опорават од пожарите.

„Јужна Амазонија може да ја очекува точката на пресврт некаде пред 2064 година со сегашната стапка на продолжување на сувата сезона“, напиша Вокер.

Бројот на пожари оваа година во Амазон ја надмина ланската сезона на пожари, а човекот дополнително   уништил уште 1.202 квадратни километри шума во Бразил во текот на првите четири месеци од 2020 година – 55 проценти повеќе отколку во истиот период лани.

Истражувањата предвидуваат откако ќе се достигне уништување на шумите од 30-50 проценти на југ, ќе се  намали количеството дожд до 40 проценти на запад, исто така менувајќи ја животната средина од тропска шума во отворена шума и савана, се заклучува во извештајот.

Најдобар начин да се разбере шумскиот екосистем е да го гледаме како пумпа“, вели Вокер.

„Шумата ја рециклира влагата, која пак, ги поддржува регионалните врнежи. Ако продолжите да ја уништувате шумата, количината на врнежи паѓа … и на крајот, ја уништувате пумпата“, вели тој.

Доколку се оствари ова страшно сценарио, водата ќе испари за над 35 милиони луѓе кои овој регион го нарекуваат дом.

И уште многу растенија и животни ќе бидат доведени до истребување.

Во минатото, амазонската прашума преживеала периоди со многу потопла клима, но тогаш ги немало  другите екстремни штети што ги нанесуваат човечките активности.

Претходен пост

Во 1110 година Месечината исчезнала од небото! Конечно знаеме зошто

Следен пост

Истражување: Можна поврзаност помеѓу долговечноста и нивото на железо во крвта?!

Следен пост

Истражување: Можна поврзаност помеѓу долговечноста и нивото на железо во крвта?!

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.