Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Британски тим развива нов вид третман за превенција од ковид-19

Британски тим развива нов вид третман за превенција од ковид-19

ФОТО: pixabay

13
Прегледи
Сподели на фејсбук

Научниците во Велика Британија штотуку ги регрутираа првите учесници кои ќе бидат дел од новата долготрајна студија за антитела против коронавирусот.

Ако третманот е ефикасен, тој може да им даде заштита на оние кои веќе биле изложени на вирусот САРС-КоВ-2.

„Знаеме дека комбинација на антитела може да го неутрализира вирусот“, објаснува вирусологот Кетрин Хулихан од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCLH).

„Се надеваме ќе откриеме дека давањето на овој третман преку инјекција може да доведе до непосредна заштита од развој на КОВИД-19 кај луѓе кои биле изложени на вирусот, а во случаи кога би било предоцна да стекнат имунитет со вакцина.

Ова не е прв третман со антитела за COVID-19. Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп доби моноклонални антитела кога заболе од оваа болест, а во САД два различни третмани со антитела –  добија итно одобрување уште во ноември.

Тие им се даваат на пациенти со лесна или умерена слика на КОВИД-19, кај кои постои ризик да развијат   тешка верзија на болеста.

Оваа нова терапија со антитела, наречена AZD7442, развиена во соработка помеѓу UCLH и AstraZeneca, е малку поинаква.

AZD7442 е комбинација на две моноклонални антитела AZD8895 и AZD1061, кои се насочуваат кон рецепторниот дел на САРС-КоВ-2.

„Со насочување кон овој регион на вирусот, антителата можат да го блокираат приврзувањето на вирусот кон човечките клетки и според тоа, се очекува да ја блокираат инфекцијата“, напиша тимот на американската веб-страница ClinicalTrials.gov.

Антителата се мали протеински молекули во форма на буквата – Y кои се закачуваат на одреден дел – наречен антиген – на вирус, бактерија или друг патоген и го „одбележуваат“ за да биде нападнат од имунитетниот систем, или директно го блокираат патогенот да ги нападне нашите клетки.

Нормалното антитело се произведува од вашето тело по инфекција, додека моноклоналните антитела се клонираат во лабораторија и можат да се инјектираат на веќе заразено лице, за да му помогнат на имунитетот.

Истражувачите се надеваат дека AZD7442 – студијата која штотуку ја започнуват ќе обезбедува заштита за оние кои биле изложени на вирусот, но сè уште немаат симптоми. На тој начин тие се обидуваат да го неутрализираат вирусот уште пред да почне да се размножува во организмот.

„Ако сте во првата ризична линија, како што се центри за грижа на болни или ако имате пациенти кои се особено изложени на ризик да заболат од тешка фотма на КОВИД, како што се постарите лица, тогаш оваа метода може да спаси многу животи“, изјавил за Гардијан експертот за инфективни болести, Пол Хантер.

„Ако живеете со вашата постара баба и вие или некој друг во куќата се зарази, тогаш би можеле да ѝ го дадете ова за да ја заштити“, додава Хантер.

Дополнително, истражувачите се надеваат дека третманот може да биде ефективен на подолг рок, во период од 6-12 месеци, што значи дека луѓето кои не можат да примат вакцина од медицински причини, имаат друга опција да се заштитат од болеста.

 

Претходен пост

Далечните предци на човекот имале способност за зимски сон?

Следен пост

Во 1110 година Месечината исчезнала од небото! Конечно знаеме зошто

Следен пост
Во 1110 година Месечината исчезнала од небото! Конечно знаеме зошто

Во 1110 година Месечината исчезнала од небото! Конечно знаеме зошто

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете не и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Следете нѐ и преку нашата страница на facebook


This will close in 9 seconds