Никој не сака да го започне “возрасниот живот” предвреме, особено младите кои ги живеат своите најубави студентски денови и за нив летото е период за одмор по исцрпувачките испитни сесии.
Нo што ако периодот на одмор може да биде забавен, возбудлив и корисен, наместо исполнет со лежење и чекање да дојде време за на плажа… Замислете, наместо да заминете надвор од држвата, да најдете сезонска работа тука и да заработите не само пари, туку и искуство кое ќе биде од непроценлива вредност во годините што доаѓаат.
1. Искуство
Секое искуство е непроценливо богатство, а со само едно лето веќе ќе имате минимум 90 дена повеќе работно искуство од останатите. Покрај тоа што ќе се чувствувате продуктивно и прекрасно дека заработувате пари благодарение на само вашиот труд, за краток период ќе создадете основна работна навика и подготвеност за идните работни ангажмани. Ако одлучите да аплицирате за работа во странство, а тоа е особено смел потег – бидете сигурни дека ќе научите многу за луѓето, како и за себе и ќе стекнете пријателства до крајот на животот. Ако одлучите да останете овде, предноста е голема бидејќи нема да имате трошоци, ќе бидете блиску до семејството и пријателите, а само дома си е дома.
2. Одговорност
Верувајте дека ништо нема да ве исполни повеќе од моментот кога ќе си го платите кафето со свои заработени пари и нема ништо повредно од тоа да знаете како паметно да го распоредите месечниот буџет. Тоа е одлична можност, барем на три месеци да ги почувствувате одговорностите кои ги имаат и вашите родители, па и подобро да ги разберете. Тоа ќе ве изгради во одговорна и самостојна личност, а не секој може да се пофали со тие карактеристики.
3. Промена
Секоја промена звучи застрашувачки, особено кога знаеме дека работата е нешто неизбежно во иднина, па може да се одложи во текот на студентските денови. Не дозволувајте ова да биде изговорот што ќе си го дадете себеси, бидејќи промената може да биде убава и одлична основа на идниот професионален живот. Помладите полесно се адаптираат, брзо учат и со работно искуство од која било област ќе бидете секогаш во огромна предност.
Не се ограничувајте на само една област и не ги потценувајте работните позиции бидејќи токму така ќе научите и искусите најмногу.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот