Летните месеци бараат одредена подготовка на организмот, за да можеме полесно да ги поднесеме топлите денови и да ги одбегнеме несаканите ефекти од високите температури, како што се вртоглавици, прекумерено потење и чувство на подуеност.
За да го “рестартираме” нашиот организам во текот на летните денови, најважно е да го хидрираме, да го промениме начинот на исхрана т.е да внесуваме полесна храна и да направиме лесна детоксикација со цел да се ослободиме од токсините.
Летната детоксикација всушност е селектирање на прехрамбените производи и прилагодување на целокупниот начинот на исхрана за телото да се ослободи од вишокот вода, со тоа да добие повеќе енергија и да се чувствувате полесно.
Главното правило на летната детоксикација е дека исхраната најмногу треба да се базира на зеленчук, особено на сезонскиот.
Потребно е зеленчукот да биде основа на вашиот појадок, почнувајќи од утринското смути, па се до вечерата. Кога е во прашање начинот на подготовка на храната, заборавете на пржење и одлучете се за варена храна, бидејќи зеленчукот подготвен на тој начин може да биде многу повкусен ако се подготви на вистински начин.
Зачините не се забранети, а со нивно креативно комбинирање можете да подготвите оброк во кој вистински ќе уживате.
Со овошјето треба да се пристапи повнимателно, а особено важно е внесувањето на витамин Ц. Затоа, збогатете ја ужината со портокал, лимунада или зрнести овошки кои се одличен антиоксидант а на организмот ќе му дадат екстра енергија.
За уште поуспешна летна детоксикација, секојдневно пијте вода со свежа краставица, лимон и нане која покрај тоа што има моќ да го исчисти вашиот организам од токсини, ќе ви ја обезбеди и неопходната хидратација.
Добрата вест е дека летната детоксикација не е воопшто ригорозна и не бара да се откажете од одредени продукти, само воведува благи и лесни промени во начинот на исхрана кои ќе му олеснат на организмот да ги поднесе високите летни температури и ќе направи да се чувствувате прекрасно и пријатно во својата кожа.
Извор: nezavisne.com
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.