Многу нешта го прават јапонскиот град Нара посебен, особено неговите необични станари.
Во Нара живеат преку 300 000 луѓе, но и преку 1000 елени кои уживаат во посебните привилегии и слободно шетаат низ градот. Иако најмногу може да се видат во градските паркови, не е необично да ги сретнете и на улица, на праговите од продавниците и покрај храмовите.
Бидејќи се многу питоми, минувачите смеат да ги хранат и сите би се согласите дека останатите животни можат да им завидуваат на безгрижниот градски живот.
До 1637 година за убивање на овие благородни животни се добивала смртна казна, но тој закон денес повеќе не е на сила.
Фотографката Јоко Иши одлучила да ги следи низ градските улици и да го прикаже нивното секојдневие низ својот објектив.
Извор: www.buro247.hr
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.
Discussion about this post