Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Во исчекување на второто издание на После Часови!

25
Прегледи
Сподели на фејсбук

Што прави Вашето дете после часови?

Септември е месецот на нови почетоци, а најдрагиот почеток е исполнет со силен детски џагор, стартот на новата учебна година и настанот кој на едно место ги собира сите неформални активности и програми за деца и млади.

И овој септември Градскиот Парк ќе биде разигран со многу насмевки и возбудени детски лица на второто издание на После Часови – единствениот саем за воннаставни активности за деца и млади кај нас.  Овој интерактивен настан ќе опфати голембројнаобласти кои вашето дете ги посетува по завршување на училишните обврски – одуметност, спорт, музика, танц, ликовнауметност, пеење, едукативницентри и програми, изучување на странски јазици, училишен прибор и реквизити.

Второто издание на После Часови ќе имате можност да го посетите на 14 и 15 септември во најзеленото катче во нашиот град – Градскиот Парк, поточно на Школка. Овие два дена ќе бидат исполнети со разни забавни, активни и практични активности, а секое дете ќе ја има уникатната можност да го искуси и доживее сѐ она што го нудат најдобрите едукативни  центри, организации, музички и уметнички студија и спортски клубови кај нас.

Целта на организаторите на овој настан, Моментум Инк., е на сите млади родители да им олесни во одговорот на прашањето “Дали Вашето дете квалитетно го поминува времето после часови? “

На овој настан сите родители ќе имаат можност од прва рака и на едно место да ги дознаат сите информации кои се поврзани со воннаставните активности на нивните деца – да се информираат за сите програми кои се достапни кај нас, услови, термини, да се запознаат со обучувачите, да ги запишат своите малечки на она кон што имаат најголеми афинитети и интерес на лице место по специјални цени!

Наскоро ќе биде објавена и целосната програма за настанот, затоа не пропуштајте да ги заследeте официјалните страни на Facebook и Instagram за да дознаете повеќе!

Настанот е отворен и бесплатен за сите, а ќе биде отворен на 14-ти и 15-ти септември со почеток од 10:00 часот, а ќе трае се до 18:00 часот во текот на двата дена.

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

Во најава е второто издание на изборот „Мажи на годината“ во Македонија

Следен пост

Голема роденденска забава во Скопје ЗОО

Следен пост

ФРАНЦУСКИОТ БРЕНД NINA BOX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.