Комбинација од турска и грчка култура, јазик и религија, во Кипар ќе добиете чувство дека се наоѓате во би-културен пејзаж скриен далеку во Средоземното Море.
Кипар привлекува со песочните плажи и животниот стил исполнет со многу забава и сонце, како и богат репортоар на активности покрај морето. Некои велат дека токму овој остров е следната Ибица.
Сепак, Кипар нуди одлични можности за сите – Без разлика дали сте љубители на забава, мирен или авантуристички одмор.
Доколку Кипар е на вашата листа со посакувани дестинации, задолжително погледнете ги 5-те топ локации кои ќе ви го одземат здивот:
- Ayia Napа
Област покриена со беспрекорни плажи (најпопуларната е Nissi Beach) и топла вода – совршена локација за љубителите на водени спортови, сончање и капење. - Paphos
Пафос го задржува својот статус како културен главен град на Кипар без сомнение, што во голема мера се должи на неговото богато културно наследство и архитектонски предели. Сепак, тоа не е се што оваа локација нуди – Да не ги заборавиме беспрекорните плажи и пристаништа.
- Limassol
Лимасол е втор најголем град во Кипар, дом на пристаништето Лимасол – кипарскиот транспортен центар и клучен играч во медитеранската трговска индустрија. Економските движења го еволуирале Лимасол во жариште на туризмот и културата.
Секако, градот нуди и изобилство на прекрасни песочни плажи. - Larnaca
Еден од најстарите градови на островот, кој нуди многу прекрасни глетки. Долгите патеки на крајбрежјето се совршени за прошетка, особено шеталиштето Ларнака кое обезбедува живописен поглед во вечерните часови.
- Platres
Лоциран под падините на планината Олимп, Платрес им нуди на туристите ренесанса далеку од преполнетите плажи и шеталишта. Нуди незаборавен престој длабоко во густата шума и ладовина, совршено за љубителите на долги прошетки, излети и забавни активности во природа.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.