Лузните не се забораваат, Скопје и скопјани сеуште се сеќаваат на ударот пред 56 години, на раната која зарасна, но главниот град не ја заборави.
Сите знаеме дека во 1963 годинa, 5 часот и 17 минути, се слушнало прво огромна бучава која ги буди од сон, а веднаш потоа силен удар кој тресе. Скопјани во бунило не знаат што ги снашло, а додека дојдат на себе, сè е завршено. Урнатини од згради, загубени човечки животи, трагедија која не може да се заборави.
26 јули е ден кога светот ја подаде раката кон Скопје, кога хуманоста се издигна над сè останато.
Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.
Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американскии советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

Скопје е град кој се бори, град на неговите скопјани кои искрено го сакаат без разлика на се.
Денеска, раскажете сите по една приказна за Скопје, случка која нема никогаш да ја заборавите, а се одиграла некаде по скопските улици и култни места.
Ова е градот кој секогаш ќе ве прими каде и сте, кога и да решите да се вратите, бидејќи Скопје е вашиот дом.

