Business Insider пишува за 7 текстилни брендови кои произведуваат фармерки, a при процесот користат еколошки памук и прифатливи материјали кои се пријатели на природата.
Во просек се потребни 1500 литри вода за производство на само еден пар фармерки.
Заедно со огромната количина на пестициди што се користат за одгледување памук и потрошувачката на енергија во фабриките, фармерките се едни од најмалку еколошки артикли за облека што се произведуваат.
Бидејќи потрошувачите стануваат позагрижени за тоа како производите што ги купуваат влијаат врз животната средина, брендовите постојано наоѓаат нови начини да ги направат поприфатливи.
Џинсот е основна компонента во облеката на најголем дел од луѓето.
Без разлика на возраста, стилот, професијата или проходите, луѓето обожаваат да ги носат.
Фармерките се сметаат за едно од најнепријателски настроени парчиња облека токму заради фактот дека потребна голема потрошувачка на енергија за да се создадат.
Everlane, Outerknown S.E.A. Jeans, Warp + Weft, Levi’s, Taylor Stitch Organic ’68 Denim, Frank And Oak и J.Crew and Madewell се 7 светски брендови за прозводство на џинс кои решија да го сменат овој факт и да почнат да призведуваат фармерки кои ги задоволуваат еко стандардите.
На овој начин им се обраќаат на поторшувачите и дирекно влијаат на нивната еко свест.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот