Вилијам Шекспир се смета за најважниот англиски писател и водечки драматург во светот. Често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Ејвон“. Неговите дела, како и колаборати, содржат 38 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург.
Шекспир бил почитуван поет и драматург во своето време, но денешниот углед главно започнува во XIX век. Романтичарите особено ја почитувале генијалноста на Шекспир, а викторијанците го обожавале со таква стравопочит што Џорџ Бернард Шо ја нарекува „бардолатрија“. Во XX и XXI век, неговите дела уште поинтензивно се проучуваат и изведуваат, од најразлични културолошки, книжевни и политички перспективи ширум светот.
Неколку познати цитати од Вилијам Шекспир:
- Господ ви дал едно лице, а вие сте направиле друго.
- Само виновниот ум го прогонуваат сомнежи.
- Пред се, бидете искрени со самите себе.
- Јас велам дека не постои темнина, само игнорантност.
- Подобро духовит будала, отколку глупава духовитост.
- Морам да бидам суров само за да бидам фин.
- Оние кои не ја покажуваат нивната љубов, не љубат.
- Мудро и полека. Оние кои брзаат секогаш се сопнуваат.
- Храброст – биди ми пријател.
- Не сум должен да задоволам никого со моите одговори.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.