Што е дефиниција за совршена крема? Да биде создадена само за Вашата кожа.
Сега со новата ID линија на Clinique тоа е возможно. Вие можете да ја креирате својата крема која ќе биде прилагодена за Вас.
Прво што треба да направите е да го дефинирате типот на кожа. Доколку сакате да дознаете каква кожа имате, благодарение на смарт мобилната технологијатa можете да го сторите тоа онлајн m.clinique.co.uk. Преку оваа страна, со селфи фотографија може веднаш да се најде ID на кожата на лицето.
Следен чекор е да одберете една од трите хидратантни бази, потоа да вметнете еден од петте патрони со активен концентрат.
Новото иновативно пакување има двонаменска пумпа која во исто време испушта хидратациска база и активен концентрат. Важно е да се напомене дека двете состојки не се мешаат се додека не ги ставите на Вашата кожа, се со цел да се максимизира ефектот.
Избор од 5 производи наменети за хидратација и обнова на кожата која има проблем со:
- иритација
- пори и група текстура на кожа
- неизедначен тен
- уморен тен на кожа
- линии и брчки
Зелена боја – ИРИТАЦИЈА
Lactobacillus probiotic ферментот помага во поттикнување на природната одбрана на кожата од надворешни агресори и помага кожата да остане здрава и нормална.
Сина Боја – ПОРИ И ГРУБА ТЕКСТУРА НА КОЖАТА
Благодарение на AHA(aha) гликолна и млечна киселина се редуцираат брчките и порите и брзо се отстрануваат мртвите клетки од површината на кожата, така што таа станува мазна и свежа.
СИВА БОЈА – НЕИЗЕДНАЧЕН ТЕН НА КОЖА
Помага да се изедначи тонот на кожата, а воедно ја смирува и осветлува благодарение на екстракт од корен на јапонската билка Ангелика.
Портокалова боја – УМОРЕН И НЕИЗЕДНАЧЕН ТЕН
Taurin е нова состојка која ја воведува Clinique. Станува збор за аминикиселина која ја поттикнува клеточната енергија која е многу важна за здравјето на кожата.
Виолетова боја – ЛИНИИ И БРЧКИ
Протеин од сурутка е концентриран, природен и висококвалитетен полипептид кој е богат со аминокиселини кои пак се составен дел од кожата и се суштински за создавање на нови клетки.
Начин на користење: се нанесува 2 пати во денот, на чисто лице, после 3 Skin Step системот.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот