Што е тоа што оди во комбинација со работата, покрај платата? Стресот!
Да, тоа е нешто кое со секој вработен се соочува на дневно ниво и не е новитет. Причина заради која е потребно да се намали неговото присутво и негативни последици.
Дури и да работите работа која што ја сакате, стресот е присутен. Според податоците на Американскиот центар за контрола на болести и нивна превенција, од 29 до 40% од Американците се под голем стрес на работното место, што резултира со појава на болести.
Како да си помогнете?
Постојат две опции.
Едната е да пробате да влијаете на работната средина со тоа што ќе дадете се од себе да направите да биде функционално. Или пак, доколку ова веќе сте го пробале, разговарјате со менаџерскиот тим за позицијата во која се наоѓате, бидете отворени и кооперативни.
Втората опција доаѓа на ред доколку другите 2 решенија не вродиле со плод. Во тој случај – време е за отказ. Вашето здравје и живот се поважни од работата што ја имате во моментот, а која не ве прави среќни.
Discussion about this post