Принцезата која светот никогаш не ја преболе – Дајана е родена на 1 јули 1961 година под името Дајана Френсис Спенсер.
Миленичка, не само во Велика Британија туку и во светот заради нејзината личност, несебичноста во помошта кон другите и енергијата која ја носеше во себе.
Секоја нејзина изјава беше пренесувана со брзина на светлината и запаметена од луѓето пред кои се појавуваше и на кои им се обраќаше.
Во продолжение, дел од нејзинте некогашни изјави за животот.
„Најголемиот проблем денес во светот е нетолеранцијата. Секој е нетолерантен кон секого.“
„Прави го она кое што срцетот ти го кажува.“
„Ништо не ме прави посреќна од обидот да им помогнам на луѓето кое се во најранливата категорија во општеството. Тоа е целта и најважниот дел од мојот живот, на некој начин тоа е мојата судбина.“
„Правете добри дела без да очекувате нешто за возврат и бидете сигурни дека еден ден некој тоа ќе го направи за вас.“
„Кога човек е среќен простува многу повеќе.“
„Сакам да влезам во собата, без разлика дали е соба за умирање или соба со болни дечиња. Сакам да направам нешто, не само да стојам од страна.“
„Најголема болест на овие времиња се луѓето кои се чувствуваат несакано.“
„Една прегратка може да напрви толку многу, посебно за децата.“
„Правилата не се важни. Мене ме води срцето, не главата“
„Каде и да видам патење, сакам да сум таму, да направам се што можам.“
„Семејството е најважната работа на светот.“
„Јас ги допирам луѓето, мислам дека тоа е најважната работа на светот.“
„Би сакала да бидам кралица на срцата на сите луѓе.“
Извор: Elle.rs
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.