Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

НОВА КНИГА ЗА МЛАДИ ВО ИЗДАНИЕ НА ПАБЛИШЕР

71
Прегледи
Сподели на фејсбук

Издавачката куќа Паблишер, во рамки на едицијата „Приказни што нѐ обединуваат“, поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, неодамна на македонски го објави делото „Кит на плажа“ од словенечкиот писател Винко Модерндорфер. Преводот на македонски е на Дарко Спасов.

Оваа уникатна и храбра книга за млади ја разложува темата на другоста и различноста на секој од нас и нашата вредност и посебност во светот. Ника е духовита и љубопитна тинејџерка, дружељубива и популарна во новото училиште. Течно зборува француски и оди на курсеви по шпански и германски јазик, па оттаму на часови по пијано, мечување, вајарство и јога… и затоа никогаш нема време да ги покани дома своите нови соученици. Но причината за тоа е сосем поинаква. Кога еден ден ќе дојдат ненајавени, нејзините пријатели ја откриваат тајната што таа долго време успевала да ја крие од нив, тајна што ќе ги промени нивните животи… Кит на плажа е роман кој ги шири границите на нормалното и нѐ поттикнува да ги преиспитаме своите ставови за тоа што е нормален живот.

 

Винко Модерндорфер е современ словенечки писател, сценарист и режисер. Станува збор за извонредно сестран уметник кој има објавено 60-тина книги поезија и проза, за деца и за возрасни, како и драми, збирки раскази и есеи. За многу од нив, како и за своите режисерски дела, има добиено голем број значајни награди. Романот Кит на плажа  ја доби наградата „Десетница“ во 2017 г. и според него беше направена театарска претстава.

Претходен пост

Dior Makeup го слави Денот на вљубените со Rouge Dior

Следен пост

Романтична одисеја со новата колекција на Amouage, RENAISSANCE

Следен пост

Романтична одисеја со новата колекција на Amouage, RENAISSANCE

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.