Секој човек кога се наоѓа пред нов предизвик, се двоуми дали да оди напред или да остане во зоната на удобност. Тоа е заради чувството на стравот од промени и од непознатото, не знаеjќи што може да ве очекува зад вратата која сте ја одбрале да чекорите.
Најчесто, овој страв се појавува кога менувате работа или треба да донесете голема одлука за приватниот живот.
Се наоѓата во дилема – дали да продолжите да работите за големата компанија каде што сте само бројка во списокот на вработени или да почнете сопствен бизнис во сферата во која знаете да работите?
Интересно е што кога луѓето почнуваат да размислуваат за промени, ја забораваат првата причина што ги натерала на тоа.
Секогаш имајте ја ум таа причина и ќе го имате одговорот кој го посакувате.
Доколку почнувате свој бизнис, бидете сигурни дека сте подготвени за тој ангажман, бидејќи ќе бара многу повеќе од времето кое досега го трошевте за работа.
Подгответе план и начин на работа, целта однапред да ја знаете, за да имате кон што да се движите и основа на која ќе го направите тој план.
Направете истражување на пазарот, дали некој друг го прави тоа што вие сакате да го правите, ако го прави колку е успешен во тоа, учете од конкуренцијата.
Исто така, истражете што мисли јавноста за работата во која сакате да се пробате, искористите ги онлајн алатките за да добиете фидбек. Читајте внимателно што имаат луѓето да кажат на таа тема и учете многу од тоа.
Направете стратегија кон кој ќе се држите, бидејќи лесно е да се изгубите кога обврските ќе дојдат.
И што е најважно, не ги очекувајте најдобрите резултати веднаш. Успехот доаѓа после напорна работа, разбирање на работата и посветеност.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот