Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Маврово во лето – идила која мора да ја доживеете

389
Прегледи
Сподели на фејсбук

Жешкото време, кое овие денови е речиси неподоносливо, нè тера да размислуваме за дневни или викенд дестинации каде што ќе може да уживаме во летото со просечни температури.

Една од нив е Маврово. Ова е атрактивна дестинација во текот на зимскиот период заради зимските спортови и чистиот воздух.

Во летниот период е уште поубаво токму заради идеалните температури, прекрасната шума и пејзажите во кои ќе уживате. Возете полека и доживејте ја глетката која ќе ве обземе во целост. Попатно можете да застанете на едно од местата за кафе пауза, па да продолжите кон вашата дестинација – Националниот парк Маврово.

Тој е еден од трите најголеми во Македонија со површина од 73.088 хектари, а како Национален парк е прогласен во 1949 година. Во границите на паркот се опфатени планините: Кораб, Дешат, југозападните ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и северните делови на Крчин. Средишниот дел на Националниот парк го зафаќа долината и сливот на реката Радика. Во рамките на паркот е и Мавровското вештачко езеро. Тука можете да сретнете  речни долини, клисури, водопади, карстни полиња, ували, вртачи, пештери, циркови, глацијални езера. Посебно значење за има врвот Голем Кораб (2764 мнв.) кој е воедно и највисок врв во Р.Македонија, а со тоа и највисока точка на паркот . Најниската точка на националниот парк Маврово е на 600 мнв. и се наоѓа на самото место каде што Мала Река се влева во реката Радика.

Инаку, Маврово значи Црно Поле, име кое што било дадено на областа по некоја голема битка во минатото.

Црквата Св. Никола

Оваа црква почнала да се гради 1850 година, а била завршена 1857 година. Изработена била од мермер и гранит, со мермерен олтар и вреден иконостас.

Во 1953 година, со изградбата на хидросистемот „Маврово“ и Мавровското Езеро, црквата била за прв пат потопена, а иконите и другите црковни предмети биле пренесени во малата црква што се наоѓа наспроти потопената.  При потопувањето бил заборавен дрвен иконостас и икони што ги изработил познатиот мијачки зограф, Дичо Зограф, како и книги и други црковни предмети, но тоие подоцна биле извадени и конзервирани.

Маврово е од оние места каде што секогаш ќе си поминете убаво, каде што секогаш имате опција за авантури како летање со параглајдер, водени спортови, планински велосипедизам, планинарење, прошетки…

Извор и фотографии: интернет

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

Летово книгите нека ви бидат неопходен аксесоар на плажа

Следен пост

9 историски фотографии на светски лидери кога биле непознати

Следен пост

ФРАНЦУСКИОТ БРЕНД NINA BOX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.