Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Како социјалните мрежи станаа легло на фрустрација и токсичност?!

83
Прегледи
Сподели на фејсбук

Деновиве се појави интервјуто кое Сара Џесика Паркер го даде за Vogue, кое најверојатно ќе поминеше како и секое друго, доколку во него, една од најголемите икони на денешницата, не почувствува потреба да се правда на “троловите“ на социјалните мрежи.

Успешна жена, актерка, икона во секоја смисла, лице кое едвај чекавме да го видиме на малите екрани, излезе беспомошна во налетот тролови на Инстаграм (од кои повеќето се жени) и отворено прашува што да прави за да престане јавноста ја малтретира со нејзиното мислење за нејзиниот изглед.

“Не знам што да ви кажам луѓе! Особено на социјалните мрежи. Секој има што да каже. За некого имам премногу брчки, за друг недоволно брчки…Знам како изгледам. Немам избор. Што да правам во врска со тоа? Да престанам да стареам? Да исчезнам?”-Сара Џесика Паркер

Извор: Google

Колку е тенка линијата помеѓу критиката и малтретирањата на социјалните мрежи?

Сериозно, зар не постои опција дека доколку нешто некому не му се допаѓа може едноставно да ја одмине објавата без притоа да остави коментар со кој би можел да повреди друга личност? Мислам, доколку има најдено некое решение за вечна младост и некако ќе разберам, ама вака…? Со тоа што ќе напише дека некој остарел, автоматски бројчаникот на неговите години се враќа назад и тоа нему нема да му се случи?!

Социјалните мрежи станаа место за насилство, место каде секој може секого да нападне, без никаква одговорност, или пак срам.

Не е ова нова тема, напротив. Ова е секојдневниот живот и утринското кафе позади тастатурата.

Живееме во време во кое нема дискусија или директна конфронтација. Живееме во време на навреди кои се кажуваат од досада.  Живееме во време кога разговараме за да одговориме, не за да слушнеме.

 

Tags: InstagramVogueбулингСара Џесика Паркерсоцијални мрежи
Претходен пост

„Манифест на секојдневниот херој“ – најновото од Робин Шарма во издание на ТРИ!

Следен пост

Mumbai Noise – Преполн со контрасти, слика на модерниот Мумбај

Следен пост

Mumbai Noise - Преполн со контрасти, слика на модерниот Мумбај

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.