Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Издавачи од Турција, Србија и од Бугарија, гости на „Скопје fellowship“ програмата, ќе ја запознаат нашата литература на 8. „ПРО-ЗА Балкан“

Издавачи од Турција, Србија и од Бугарија, гости на „Скопје fellowship“ програмата, ќе ја запознаат нашата литература на 8. „ПРО-ЗА Балкан“
99
Прегледи
Сподели на фејсбук

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ го најавува своето осмо издание, кое поради ковид-ситуацијата, наместо во мај го премести за септември. Од 14 до 17 септември во Куршумли ан, Europe House и во Кинотеката ќе се реализира богата програма.

И годинава важен дел од фестивалот ќе биде програмата „Скопје fellowship“, во која вообичаено каниме врвни издавачи и литературни агенти од цел свет, со цел македонската литература да ја доближиме до светот. Годинава гости во оваа програма ќе бидат: Назли Бериван Ак од Турција, Јасмина Радојичиќ од Србија, Доротеа Монова и Милен Милев од Бугарија.

На вториот фестивалски ден (15 септември), тие ќе учествуваат на тркалезна маса „Литература и криза: почетна точка за нови противотрови“ што ќе ја реализираме во Europe House. Веднаш потоа ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи.

Назли Бериван Ак е писателка, уредничка и преведувачка. Во моментов го подготвува својот докторат на Катедрата за историја на религиите на Теолошкиот факултет. Од 2009 година работи како уредник во една од најпрестижните издавачки куќи во Турција, „Ејприл Паблишинг“, со седишта во Истанбул и Анкара. Некои од писателите чии турски изданија ги уредувала се: Хан Канг, Џоди Пикулт, Скарлет Томас, Џон Перкинс, Шубанги Сваруп, Кајли Рид, Авни Доши, Курт Вонегат, Гречен Рубин, Тибор Фишер, Чарлс Соул, Адам Фојер и многу други важни литературни фигури. Таа е преведувачка на текстови од старогрчки, латински и англиски, а пишува и критики за голем број весници и списанија. Покрај тоа, таа честопати се појавува и како говорник на меѓународни и регионални книжевни настани, и тоа како експерт за издаваштво на турскиот пазар.

Јасмина Радојичиќ дипломирала на Катедрата за компаративна книжевност во Нови Сад. По завршувањето на додипломските студии магистрирала на програмата „Европска литература и култура“ на универзитетите во Болоња и Солун. Објавува во домашни и странски списанија кои покриваат теми од областа на литературната теорија.

Од 2015 година таа е уредничка во издавачката куќа „Лагуна“, каде што става фокус на книги од локални автори од регионот, класици на светската литература (едиција Класици на светската литература), новооткриени класици (едиција „Феникс“) и заборавени српски авторки од првата половина на 19 век (едиција „Савременице“). Меѓу другото, го има уредено романот „Заблудата на Свети Себастијан“ од Владимир Табашевиќ, кој ја освои наградата на НИН за роман на годината во 2018 година; потоа романот Рамнотежа на Светлана Слапшак, кој ја освои Виталовата награда во 2017 година; романите на  Јелена Бачиќ-Алимпиќ, писателка со најголем тираж во регионот; романи од Владимир Арсенијевиќ, Иван Ивањи, Ведрана Рудан и многу други.

 

Доротеја Монова е директорка на издавачката куќа „Парадокс“ од Софија, која самата ја основала во 1991 година, наменета за елитна и авангардна литература. Таа е магистер по ТВ- новинарство на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ – магистер по телевизиско новинарство. Автор е на голем број публикации за теорија на новинарството, изданија со теми од издавање книги, филмски критики, класичен балет и литература. Монова ја започнала својата кариера во издаваштвото во 1986 година како уредник на „Софија јуниверзити прес“. Во 2007-2011 година, Монова била главен уредник на „Софија јуниверзити прес“.

 

 

Милен Милев e уредник во издавачката куќа „Парадокс“ и е одговорен за странски права и лиценци. Магистрирал на издаваштво на книги, германска филологија и политички науки на Универзитетот „Јоханес Гутенберг“ во Мајнц, Германија. Милев, исто така, е преведувач од германски на бугарски јазик.

 

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е во организација на издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Фестивалот е поддржан од: Министерството за култура, ТРАДУКИ, Институтот „Јунус Емре“ од Скопје, Делегацијата на ЕУ, Град Скопје, амбасадата на Босна и Херцеговина и Кинотека.

 

 

Претходен пост

Знаете дека може да добиете се што посакувате? Доволно е само да го разберете Законот на привлечност

Следен пост

Се трчаше Авицена Женска трка, освен победничките, победиja и дисциплината и почитувањето на мерките против Ковид-19

Следен пост
Се трчаше Авицена Женска трка, освен победничките, победиja и дисциплината и почитувањето на мерките против Ковид-19

Се трчаше Авицена Женска трка, освен победничките, победиja и дисциплината и почитувањето на мерките против Ковид-19

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете не и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Следете нѐ и преку нашата страница на facebook


This will close in 9 seconds