Лиз Ленц колумнистка во „Газета“ и автор на претстојната книга “Belabored: A Vindication of the Rights of Pregnant Women,” работела од дома шест години со своите две деца.
Ленц ја родила ќерката во 2011 година и нејзиниот син во 2013 година, истовремено работејќи како хонорарен писател и фриленс уредник сè додека нејзината ќерка не почнала да оди во градинка.
„Јас работев навечер или за време на викендите, бев основен старател со солиден приход во семејството“, вели таа за своето пишување.
Никогаш не било прашање за Ленц дали сака да работи. „Ова е мојот идентитет“, вели таа за своето пишување. Покрај нејзините хонорарни работни места, Ленц продала две книги до 2015 година.
Но, таа исто така вели дека никогаш не мислела дека ќе биде родител кој ќе работи од дома, бидејќи тоа носи голем број предизвици.
„Искрено, не мислам дека тоа е нешто за што навистина размислуваат луѓето со оглед на тоа дека секогаш постои граница помеѓу работата и домот. И кога треба да ги комбинирате, работите стануваат навистина чудни“.
Само за пример, Ленц во една ситуација морала да интервјуира детектив во врска со жена која го убила својот Uber возач и затоа време за да ги држи децата зафатени, им го пуштила филмот „Херкулес“. Подоцна, прегледувајќи ја аудио снимката, таа сфатила дека филмот може да се слушне во позадина, додека зборува детективот.
Ова е само доказ дека секогаш се случуваат сiтуации кои не можете да ги превидите додека работите од дома.
Авторката неодамна почна тема да социјалната мрежа Твитер каде што се споделуваат совети за сите родители кои работат од дома, практични совети од типот користење на тајмери за да им се даде на децата структурирано тивко време, дозволувајќи им да имаат одредено подрачје за хаос и создавање агол за ужина, каде што знаат дека можат да најдат ужина ако се гладни.
Но, наведува дека на секој што работи од дома, повремено му треба одмор и пауза од таквиот начин на работа. Сфатила дека тоа може да обземе целосно, да се истроши физички и психички и токму заради тоа, потребна е повремена помош.
„Повремено, доаѓаа моте пријатели и роднини да ми помагаа бидејќи невозможно е да се работи со тоа темпо цело време.“
„Мислам дека советот за родителите во вакви ситуации е следен: понекогаш најдобро што може да направите е да се повлечете. Тие се паметни, мали луѓе. Само оставете да ги сфатат сами рботите околу нив “.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.