Тip оf the week е прирачник кој обработува теми од секојдневниот живот коишто ќе ви помогнат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Во него има мали и практични совети кои поттикнуваат на размислување како да се справите со предизвиците кои ви ги носи денот. Главни креатори на Tip of the Week концептот се двајца млади луѓе, Петар Лазаров и Калин Бабушку, кои го пренесуваат своето искуство, како и искуството на други луѓе…
H: Петар и Калин, луѓето ве знаат по тоа што активно работите и им помагате на македонските компании да ги позиционираат и извезуваат своите производи на странските пазари. Минатиот месец лансиравте кампања на глобалната платформа за групно финансирање Кickstarter・за еден од вашите брендови – Tip of the Week. Зошто се одлучивте да го пласирате Tip of the Week на оваа платформа?
П: За Kickstarter како глобална платформа за групно финансирање и тестирање на креативни проекти се одлучивме бидејќи од самиот развој на Tip of the Week концептот, целта ни беше да го прошириме интернационално и на едно место да собереме практични совети за подобрување на личен и професионален план од успешни професионалци од Балканот.
Секојдневно се среќаваме со литература од познати американски автори, но ретко може на едно место да најдете успешни приказни од балкански автори, а верувајте, ги има толку многу.
По истражувањата кои ги направивме за функционирање на платформата и потенцијалот на Tip of the Week, решивме да ја лансираме кампањата и покрај тоа што од самиот почеток знаевме дека само 35% од сите проекти на Kickstarter успеваат да се реализираат.
Визијата на Македонија-Експорт е да развива препознатливи брендови од Македонија и Балканот и успешно да ги позиционира во целиот свет. Секако, голем беше предизвикот да го издвоиме и нашиот проект Tip of the Week покрај толку многу проекти од светот кои интензивно се објавуваат на платформата.
H:: Кои се вашите очекувања до завршувањето на кампањата?
К: Периодов работиме со полна пареа и очекуваме дека ќе ја достигнеме целта од 8.000 долари до 22 декември за да го реализираме овој проект. Концептот на Kickstarter е дека ако не се достигне поставената цел, проектот нема да може да се реализира. Имаме уште 10 дена до крајот на кампањата и затоа би сакале да ги охрабриме сите наши читатели и заинтересирани, да ја дадат нивната поддршка за проектот на следниов линк, со минимум 1$ или да изберат некој од понудените пакети во зависност од нивниот влог.
Искрено, по издавањето на изданијата на српски и хрватски јазик, добивме многу барања да издадеме и англиско издание кое тие би можеле да им го подарат на свои соработници и пријатели од странство, презентирајќи им успешна перспектива на работењето на Балканот. Така што сега е вистинскиот момент да не поддржат и секако да ја споделат информацијата со соработници и пријатели од секаде од светот.
H: Како изгледаа подготовките за целата кампања? Дали може да ни го опишете процесот во неколку чекори?
П: Кампањата официјално ја лансиравме на 22 ноември заедно со тимот на Солвео, меѓутоа интензивно работевме околу 3 месеци пред нејзиниот почеток.
Добрата подготовка е најважна во вакви проекти посебно кога треба да презентирате некоја идеја или производ пред луѓе од целиот свет.
Ако треба да издвоиме неколку чекори за да го опишеме целиот процес тоа би биле:
1 Избор на тим кој максимално ќе се посвети на кампањата и нема да се откаже;
2 Темелно истражување на се што може да најдете за платформата-можностите кои ги нуди, статистики, ризици и сл.;
3 Развој на уникатна приказна, од осмислување на концепт, пишување на текстови, правење на видео, фотографии, осмислување на уникатни пакети;
4 Развој на маркетинг и продажна стратегија за пазарите и целните групи кои ги таргетирате со цел најоптимално да ја пренесете вашата порака до што повеќе луѓе;
5 Лансирање кое навидум може изгледа како наједноставен чекор, меѓутоа бидете спремни дека од минутата кога ќе го лансирате проектот, почнуваат вистински непреспиени ноќи до завршување на кампањата. 🙂
H: Каква порака би им пренеле на сите оние кои имаат идеја и сакаат да ја развиваат глобално?
К: Бидете упорни и верувајте во вашата идеја дури и кога другите ќе се сомневаат. Експериментирајте и пробувајте нови начини кои не се вклопуваат во матрицата на стандардно работење. Нашата филозофија на работење и се базира на тоа -Ако сите „одат лево“ и ги прават работите на веќе виден или очекуван начин, ние „одиме десно“ и нудиме целосно нов пристап, концепт и решение.
Секако дека вториот начин е потежок и многу често бара од нас да сме пионери во тоа што го работиме, меѓутоа кога ќе излезете на пазар од 7 милијари луѓе тоа е дефинитивно единствениот начин да се издвоите од другите. Не е лесно, и многупати во процесот ќе треба да се соочите и со неуспеси, но важно е да ги прифатите, да научите што повеќе лекции од нив и да продолжите понатаму.
За да го поддржите проектот Tip of the Week кликнете на следниов линк.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.