Можете ли да замислите колку би бил светот посреќен без кучиња скитници кои безнадежно лутаат наоколу?
Сите посакуваме кучињата да бидат згрижени и вдомени, а Холандија го направи првиот чекор и го стори токму тоа, обезбедувајќи им на сите кучиња скитници вистински дом, потполно менувајќи им ја судбината со што им овозможуваат живот исполнет со среќа и љубов.
Холандската влада презеде конкретни активности за да го постигне ова преку спроведување на методот PSVIR (селекција, стерилизација, вакцинирање, идентификување и враќање).
Благодарение на тоа, во 2016та година беше прогласена за прва земја која ги ослободи овие живи суштества од ужасниот и осамен живот низ улиците.
Кога токму ова би се применувало насекаде, светот би бил попрекрасно место за живеење, зар не?
Сега, владата превзема поголема контрола и стави крај на овој проблем засекогаш, носејќи закон со кој ги заштитува животните, како и нивното здравје и благосостојба. На тој начин ги поттикна сопствениците да им обезбедат на домашни миленици соодветен третман и да ги елиминираат злоупотребите. Доколку сопствениците не го почитуваат законот, би можеле да бидат казнети со затворска казна до три години и парична казна повисока од $16,000.
Вообичаено, кога луѓето сакаат да чуваат куче во домот, спремни се да платат и повеќе пари бидејќи на некој начин се така посигурни дека кучето е здраво и поубаво. Затоа, холандската влада реши да ги зголеми даноците во продавниците за кучиња со цел додадениот трошок да ги натера луѓето да размислуваат на други начини за добивање домашни миленици и да ја зголемат шансата за посвојување на кучиња скитници.
Државата исто така започна и друга кампања за да крене свеста на граѓаните, овозможувајќи им на луѓето можност да се грижат за мали кучиња бездомници. Човек тешко да одолее и да не се заљуби во нив, па така повеќе од милион кучиња скитници го најдоа своето семејство и безбедно место за живот. Оваа кампања имаше масовно влијание врз народот и доведе до 90% поголемо згрижување куче како домашно милениче.
Покрај тоа што повеќе не постојат кучиња скитници низ холандските улици, речиси сите локали во државата се “pet friendly”.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.