Покрај бројните гости кои беа дел од ревијата пролет/лето 2020 на Victoriа Beckham, посебно се издвои британската актерка Helen Mirren која воодушеви со својот изглед.
Таа носеше макси фустан со потпис на креаторката направена со примерок од кожа од питон, дополнет со бордо плик чанта.
Хелен Мирен е британска актерка, родена на 26 јули 1945 година во Чизик, западен Лондон. Таа има руско потекло и е родена како Илјена Лидија Василевна Миронова (Ilyena Lydia Vasilievna Mironoff).
Хелен Мирен има богата телевизиска и филмска кариера. За своите улоги, таа добила повеќе престижни филмски награди: Во 2007 година ја доби наградата “Оскар (Oscar)” за главна женска улога во филмот “Кралицата” (The Queen) од 2006 година.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот