Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Ако не сте задоволни со животот – променете го. Ваша е одговорноста да го сторите тоа

66
Прегледи
Сподели на фејсбук

Многу често ние луѓето сме заглавени во рутината на животот од која ни се чини невозможно да се излезе. Прифаќаме и се согласуваме на работи кои мислиме дека се правилни и се чувствуваме безбедни. Се плашиме од промената бидејќи ни е страв да направиме чекор кон непознатото.

Затоа, остануваме таму каде што сме. Толку многу се плашиме од идејата да оставиме сè зад себе и да почнеме одново, што сме подготвени да ја жртвуваме среќата за сметка на познато и безбедно чувство. Стоиме во место кога треба да се движиме.

Ако не сте среќни каде се наоѓате во животот – движете се! Не сте дрво со корен.

Ако не сте задоволни до работата – дајте отказ. Ако ве исцрпува ментално, физички и емоционално или пак ако имате чувство дека нема каде да напредувате – дајте отказ и побарајте работа која што ќе ве направи среќни. Никогаш не сте премногу стари за тоа. Вашата среќа е поважна од мислата дека мора да останете тука само заради тоа што мора да се платат сметките. Новата работа исто така ќе ги плаќа сметките, со таа разлика што ќе бидете среќни.

Ако не сте среќни во присуство на пријателите – заминете си! Ако имате чувство дека ве исцрпуваат, ве полнат со лоша енергија, заминете. Вие имате одговорност да се штитите себеси од токсични луѓе. Движете се напред и барајте луѓе кои што ве прават среќни.

Ако не сте среќни со врската – раскинете! Вашиот партнер не е последниот човек на земјата со кој можете да бидете. Врската е многу повеќе од гушкање, бакнување, секс, вечера и кино. Вистинска и здрава врска ве менува од корен, ве прави да посакате да бидете подобра верзија од себе.

Ако не сте среќни со местото на живеење – преселете се! Да, познатото и удобното се убави, но не се добри за вас. Ако ви е страв да се преселите во друг град, макар и во друг стан -не заборавајте дека најдобрите работи се случуваат надвор од комфорната зона.

А сега, време е за првиот чекор.

Извор: thepowerofsilence.co

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

Македонија со освоено второ место на светскиот MOS натпревар во дигитална писменост

Следен пост

Охридското езеро на листата на 20 најдобри езера во Европа според Guardian

Следен пост

ФРАНЦУСКИОТ БРЕНД NINA BOX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.