На 21ви и 22ри септември на терените Работнички не очекува петтото издание на
најголемиот настан за здрав животен стил на нашите простори – Health, Fitness &
Wellness Expo. Овој дводневен настан, организиран од страна на Моментум Инк. , ќе ги обедини сите спортисти, вљубеници во здраво живеење и професионалци во fitness & wellness индустријата.
Двата дена, програмата започнува од 11.00ч и трае сѐ до вечерните часови. Околу 40
учесници со публиката ќе ги споделат своите фитнес рутини, ќе нѐ едуцираат за
здравјето на телото и умот, ќе ни пружат голем број промотивни понуди и преку своето знаење ќе ни го оплеменат духот. Во однос на активностите, катчињата и содржините на HFWE #5, доволно е да кажеме дека претходните четири изданија беа само загревање!
За прв пат кај нас ќе можеме да научиме нешто повеќе за рагбито и директно да го
искусиме овој енергичен спорт. Доза адреналин никогаш не е на одмет, па за да ги
задоволат вашите желби долгогодишните спонзори на настанот, Sport Inn, со своите
програми Slackline и Spinning ќе ни приредат незаборавно спортско искуство.
Она што е важно е дека оваа година, настанот е посветен на најмалечките, па во склоп на настанот ќе постои посебен детски агол со мноооогу забавни игри спонзориран од Becutan Kids Vits. Во знак на ова, настанот е вело и еко-френдли, па организаторите порачуваат тој викенд да ја покажете љубовта кон планетата и на настанот да пристигнете со вашите велосипеди.
Ќе ги разбудиме сетилата и умот со утринска јога, ќе се натпреваруваме турнири за
Street Workout, ќе трошиме калории на БЕСПЛАТНИ динамични тренинзи, ќе научиме
основи на кросфит, а ќе проследиме и возбудливи бокс, аикидо и карате мечови!
Настанот е отворен и целосно БЕСПЛАТЕН. На ОВОЈ ЛИНК погледнете ја целосната
програма на настанот, а не заборавајте да ги заследите официјалните Facebook и
Instagram страници, како и официјалниот настан.
Се гледаме на HFWE #5!