Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Светско, а наше! Trainings4All – прва меѓународна платформа за тренери и тренинзи во Југоисточна Европа

46
Прегледи
Сподели на фејсбук

Trainings4All претставува прва меѓународна платформа која што е формирана во нашата земја и која што ќе ги вмрежува сите тренери и тренинзи на едно место. Минатиот месец за прв пат во Македонија пред голем број на луѓе од бизнис секторот и со учество на тренери од Македонија, Србија и Хрватска се одржа настанот “Ајде да зборуваме за бизнис”. На истиот за прв пат и официјално беше претставена платформата и присутните имаа можност да се запознаат со неа.

Платформата Trainings4All ги вмрежува сите оние организации, тренинг центри, обучувачи и индивидуалци, кои што допринесуваат за подигнување на свеста за потребата на надградување на личниот и професионалниот потенцијал.  Преку платформата сите оние кои што се дел од истата, добиваат можност на лесен и едноставен начин да ја презентираат својата работа и со тоа да се вмрежат со нивни колеги, во Македонија и пошироко. – изјавија Маја Ацески и Марина Анчевска (основачите на оваа платформа).

Токму затоа и главното мото на оваа пларформа е “Се е возможно ако го правиме заедно“. Покрај вмрежувањето, платформата има за цел да ги класифицира сите понуди, да ја истакне професионалноста на тренинг центрите и тренерите, како и да понуди едноставност во барањето на било каков тренинг, обука или настан.

Постапката за да бидете дел од оваа платформа е едноставна. Се што треба да направите е да ги пополните основните податоци на следниот линк , да станете член на платформата и со тоа вие станувате дел од оваа меѓународна мрежа.
Платформата до декември месец оваа година ви нуди промотивно бесплатно членство. Од наредата година членството можете да го продолжите по достапна цена.

Платформата на своите членови им нуди уникатна можност бесплатно да ја презентираат својата работа и да ја доближат до своите клиенти. Ова е прва платформа од ваков тип во Југоисточна Европа на која може да се најдат широк спектар на тренинзи поврзани со животниот стил, кариерата, бизнисот и личниот развој.
Секако дека платформата е интересна и за бизнис секторот бидејќи од сега барањето на соодветен тренинг за своите вработени ќе биде достапно само со еден клик.

Платформата е меѓународна и со полна пареа се работи да се проишири низ Балканот, Европа, па потоа и низ целиот свет.

За повеќе информации можете да го посетите нивниот веб сајт или нивната Фејсбук фан страна.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ВАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ ГИ ОТКРИВА ПРИОРИТЕТИТЕ КОИ ГИ ИМАТЕ ВО ЖИВОТОТ

Следен пост

Долготраен мирис кој ќе Ве издвои од толпата – Tom Ford Fucking Fabulous

Следен пост

ФРАНЦУСКИОТ БРЕНД NINA BOX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.