Доколку сте вистински вљубеници во светот на модата, во тој случај следните филмови кои се направени за животот на големите дизајнери се нешто кое дефинитивно треба да се најде на вашата филмска листа.
Маноло: Кралот на чевлите(2017)
Ова е филм за Маноло Бланик, еден од најдобрите и најуникатни дизајнери на чевли. Оригиналниот наслов на филмот е Manolo: The Boy who made shoes for lizards, алудирајќи на тоа дека додека бил дете првите дизајни му биле токму за тоа, чевли за гуштери, а главниот материјал за изработка му бил обвивки од бонбони. Секако, во филмот се опишани неговите почетоци и прикажана неговата интимна приказна за успех.
Диор и јас(2014)
Овој филм ве носи на возбудлово патување во процесот на креирање на деби couture колекцијата на Рафа Симонс за Диор, за само 8 недели.
Валентино, последниот цар(2008)
По повод, пензионирањето на на креаторот после 50 години успешн кариера, снимен е документарен филм за еден од најуспешните светски имиња во светот на модата – Валентино.Филмот ги покажува деталите од неговиот приватен и професионален живот, каде што акцентот е ставен на неговиот бизнис и животен партнер, Џанкарло Џиамети.
Лагерфелд: Доверливо(2007)
Светот секогаш бил зантересиран како изгледа секојдневнието на еден од наголемите и најдобри дизајнери во светот – Карл Лагерфелд. Во документарниот филм за него, се раскажува за неговото детство, почетоците и дневните рутини кои ги практикувал дизајнерот.
Извор:elle.rs
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.