Дури и ако не сте често во улога на преговарач, овие неколку трикови може да ви бидат корисни за различни ситуации…
1. Бидете први во кажување на цената
Можеби ќе помислите дека тоа не е паметно, но секогаш први кажете ја цената. Секако, повеќето луѓе се плашат да ја изговорат цената на било што, но би требало да имате на ум дека секогаш е во предност оној кој ќе ја каже прв цифрата.
Можеби мислите дека некој би сакал да плати 7.000 илјади евра, па се плашите да не кажете 5.000 илјади и да останете без пари, но тоа обично не се случува бидејќи повеќето луѓе се однапред информирани за цените.
Истражувањата покажуваат дека оној кој прв ја кажува цифрата многу подобро поминува за време на преговарањето. Ако сте во улога на купувач,подобро е први да ја кажете цифрата и колку нудите. Секако почнувате со пониска цена.
2. Искористете ја тишината
Повеќето од нас зборуваат само кога се нервозни. Токму затоа би било супер да ја искористите тишината. На тој начин вашиот соговорник ќе почувствува непријатност и веројатно многу брзо ќе ја промени понудата без ниту еден ваш збор.
3. Очекувајте го најдоброто
Искусните преговарачи велат дека во разговорите треба да навлезете со идејата дека успешно ќе го завршите преговарањето и во ваша корист. Затоа, очекувајте го најдоброто и барајте услови кои вас ќе ви одговараат.
4. Никогаш не зборувајте за цифрите однапред
Никогаш не зборувајте за цената доколку однапред не ги имате точните информации. Подоцна промените ќе бидат потешки или пак невозможни.
5. Секогаш разговарајте
Секогаш обидувајте се да го извлечете најдоброто. Преговарајте за цифрите или околу условите дури и кога мислите дека добро сте поминале. Секогаш може подобро.
6. Никогаш не преговарајте сами
Оставете си прилика- време, да се консултурите со некого за постигнатиот договор.
7. Користете го времето
Да речеме дека купувате стан и сте добиле понуда. Мислите ли дека цената би можела да се намали?
Понудите помала цена и чекајте дури и кога во првиот момент ќе ве одбијат. Што повеќе време изминува толку поголеми шанси ќе имате, се разбира во ваша корист.
Не верувајте на сè
Никогаш не верувајте во сè што ќе слушнете. Ако пораките се многу емотивни, разговорот тргнува во друга насока, поголема и лагата која ја слушате. Гледајте го само вашиот интерес.
9. Но, не претерувајте
Ако се обидувате да намалите цена за услугата, би требало да знаете каде да застанете. Важно е да добиете квалитетна понуда на крај.
10. Изградете добри односи
Преговарањето не треба да биде „војна“. Од него треба да го извлечете најдобриот договор, а на крајот би требало да се задоволни и двете страни.Треба да изградите квалитетен однос за да има простор и за „следен пат“.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.