Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Истражување: Можна поврзаност помеѓу долговечноста и нивото на железо во крвта?!

Опсежна студија открива докази дека нивото на железо во крвта може да игра улога во влијанието на должината на човечкиот живот.

95
Прегледи
Сподели на фејсбук

Секогаш е важно студиите во врска со животниот век на човекот да се земат со голема доза резерва, но ова импресивно истражување опфаќа генетски информации од над 1 милион луѓе низ три јавни бази на податоци. Фокусот е ставен на три клучни точки на стареење: животниот век, години минати без болести и доведување до екстремна старост.

Анализата покажала дека 10 клучни региони на геномот се поврзани со долговечноста, меѓу кои и генетските гарнитури поврзани со метаболизмот на железото.

Едноставно кажано, премногу железо во крвта се чини дека е поврзано со зголемен ризик од порано умирање.

„Ние сме многу возбудени од овие откритија бидејќи тие силно сугерираат дека високото ниво на железо во крвта ги намалува нашите години на здрав живот, а контролирањето на овие концентрации може да спречи оштетувања кои доаѓаат со стареењето“, вели Пол Тимерс од Универзитетот во Единбург, Велика Британија.

Иако корелацијата не мора да значи каузалност, истражувачите користеле статистичка техника наречена Менделова рандомизација за да ја намалат пристрасноста и да се обидат да потврдат каузалност во податоците.

Како што забележале тие, генетиката има околу 10% влијание врз животниот век и здравјето, а тоа може да го отежни изборот на гените вклучени во сите други фактори (како што се навиките за пушење или пиење).

Покрај генетиката, железото во крвта веќе е поврзано со бројни болести во корелација со стареењето на организмот, вклучувајќи ги и Паркинсоновите заболувања и болестите на црниот дроб.

На тоа можеме да ја додадеме оваа најнова студија дека „преоптоварувањето со железо“ или неговото несоодветно метаболизирање, може да има влијание врз веројатноста да бидеме здрави во нашите подоцнежни години.

„Нашата крајна цел е да откриеме како се регулира стареењето и да најдеме начини да го зголемиме здравјето во подоцнежната возраст“, вели Жорис Дилен, кој ја проучува биологијата на стареењето на Институтот за биологија на стареење, „Макс Планк“ во Германија.

„Десетте региони на геномот што ги откривме, а се поврзани со животниот век, здравствениот век и долговечноста, се возбудливи теми за понатамошни студии“, додава Дилен.

Истражувањето е објавено во Nature Communications.

Претходен пост

Истражување: Делови од дождовните шуми на Амазон би можело да исчезнат до 2026 година!

Следен пост

По 40 години китовите се вратија во северните мориња

Следен пост

По 40 години китовите се вратија во северните мориња

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.