Полиците на ТРИ се закитија со уште еден одличен роман насловен „Пеам јас и планината танцува“ од каталонската авторка Ирене Сола, преведен од Наташа Сарџоска.
Оваа ода за природата им дава друга димензија на досегашните книги од проектот „Читаме заедно“, бидејќи се работи за роман многу поинаков од останатите. Ирене Сола пишува за умешноста да се живее во согласност со природата, а преку нејзиниот глас зборуваат и животните, облаците, печурките, па дури и самовилите.
Персонифицираната приказна не е ни најмалку наивна. Во чудесните испреплетени стихии, Хилари, детето на планината, освен што ја опева природата, му дава суштина на постоењето како битие. Митологија, рефлексија на минатото, но и на современоста – еден цел нов свет отаде книжевноста. Наратив за секој кој сака да се доближи до природата, до книжевноста и до суштината на постоењето.
Преведен од ерудитна преведувачка со огромни познавања за шпанската литература, оваа книга гарантира квалитет. Самата извонредна приказна придонесува за културна и јазична циркулација на книжевните и животните вредности, со што ќе се доближи уште еден чекор до остварување на идејата на овој проект реализиран од Издавачки центар ТРИ.
Проектот „Читаме заедно“ се збогати со нова, квалитетна книга. Не само во рамките на литературата, туку и пошироко. Не само во временски рамки, туку и надвор од нив. Овие се дела со кои ТРИ шири трајни вредности.