Иако повеќето од нас уживаат да купуваат и мислат дека поминале одлично кога купиле нешто ефтино или на пола цена, факт е дека тоа не е само во наша полза. Шведскиот продажен ланец за мебел и покуќнина – ИКЕА, дефинитивно знае како да ги примами клиентите и да оствари профит, притоа правејќи го овој шопинг на взаемно задоволство.
Што е тоа Груенов трансфер?
Тоа е психолошка теорија која го толкува влијанието на локацијата и уредувањето на мебелот во продавницата, според навиките на клиентите. Ален Пен, професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон, со години зборува за тоа како ИКЕА ги поставува предметите, дезориентирајќи ги клиентите и ги наведува да купат повеќе. Овој ланец секако не е единствен во тоа, но започна меѓу првите и со оглед колку е популарен – таму најпрвин се забележани промени во потрошувачката култура.
Дел од методите што ИКЕА ги користи за да нѐ привлече на „постојан шопинг“ и да го купиме она што не планиравме да го направиме, се следниве:
Нема повеќе излези
Секој објект на ИКЕА има само еден влез и излез и секаде во светот е конципиран на идентичен начин. Веднаш на почетокот на „патувањето низ лавиринтот“, наидувате на игротека, каде што ќе можете да ги оставите вашите деца за да купувате опуштено и ефикасно. Штом ќе чуете детска смеа, имате чувство дека сте на пријатно место и оти некој се грижи за вас и вашето семејство. Од друга страна, некои експерти тврдат дека смеата влијае на поголема потрошувачка, така што овој концепт во рамките на ИКЕА веројатно не е случајност.
Кога се искачувате на катот наидувате на убаво украсени дневни соби, наместо „расфрлани“ парчиња мебел. Значи, некој веќе се обидел да може да видите како сè би се вклопило во вашиот стан или вашата куќа. Може да седнете таму, да се опуштите и да започнете да размислувате за тоа што ви треба.
Торби за шопинг
На секој чекор ќе наидете на големи, жолти кеси кои може бесплатно да ги користите. Еден дел од работата, ИКЕА веќе го направи со овој потег. Сега е на ред да ја пополните таа голема торба што ја зедовте. На пример, американските трговци први сфатија дека поголема корпа значи поголема потрошувачка, а со тоа и количка, односно големи торби. Тие се особено погодни за мали работи што честопати ги забораваме и сфаќаме дека ни требаат само кога ќе ги поминеме, без разлика дали се работи за ламби, саксии, растенија, рамки, светилки.
Сам свој мајстор
ИКЕА е позната по практичен, едноставен и лесен за составување мебел што сам го склопува клиентот. Воопшто не е тежок и гломазен и во амбалажата има јасни упатства, па скоро секој може да си ја склопи својата гардероба или плакарот. Психолозите велат дека ова „дело на нашите раце“ влијае на чувството на задоволство кај нас и повеќе го сакаме. Во 2011 година, научниците од Харвард го измислија терминот „ИKEA ефект“ за да го опишат овој феномен.