Секој посакува да изгледа убаво и привлечно. Наједноставен начин да се постигне тоа е употребата на козметички производи, иако во светот денес се популарни и хируршките зафати.
Жените постојано ги следат актуелните трендови, новите козметички производи и брендови со цел секогаш да изгледаат убаво и негувано. Затоа, козметиката е задолжителен ден од секојдневието и жените се во постојана потрага по нови мејк ап брендови.
Trendrr состави листа на топ 10 најдобри козметички брендови во светот, кои може да ги погледнете во прилог:
10. MAYBELLINE
Ова е еден од најголемите козметички брендови, создаден во 1915 година од страна на Thomas Lyle Williams, а од 1996 година, брендот е “во семејството” на Loreal. Maybelline нуди производи за нега на кожата, козметички производи и производи за разубавување.
9. URBAN DECAY
Американски козметички бренд, создаден во 1996 година од страна на Sandy Lerner, David Soward, Wende Zomnir и Patricia Holmes. Таргет групата на овој бренд се најмладите потрошувачи, а топ производи се лакови за нокти, производи за нега на лице, очи, разубавување, нега на тело и усни. Loreal е исто така “родителски бренд” на Urban Decay, како и на Maybelline. Главна причина за популарноста на брендот е тоа што нуди “skin friendly” и хигиенски производи.
8. COVERGIRL
Американски козметички бренд создаден од Noxzema Chemical Company во 1961 година, кој од 2016 година е дел од Coty Inc Company. Covergirl нуди голем избор на мејк ап производи, производи за нега на кожа, усни и производи со заштитен фактор.
7. AVON
Бренд создаден во 1886 година од страна на David H. McConnell, со база на козметички производи за нега и разубавување, производи за нега на коса, облека и играчки.
6. REVLON
Бренд создаден во 1932 година од страна на Charles Revson, кој нуди производи за нега на кожата, козметика, парфеми. Revlon е проширен во речиси сите beauty полиња почнувајќи од производи за нега, убавина, лакови за нокти, производи за нега на коса и сл.
5. NEUTROGENA
Во 1930 година, Emanuel Stolaroff го создаде брендот Neutrogena, кој произведува производи за нега на лице, тело, производи за туширање и капење, за чистење на лицето, хидратантни креми, машки производи за нега на кожа и коса, како и производи со заштитен фактор, против акни и стареење.
4. MAC COSMETICS
Светски бренд создаден во 1984 година од страна на Frank Toskan и Frank Angelo. MAC е еден од најдобрите брендови за убавина кој се користи во секоја земја од светот. Бестселери на брендот се пудрите и коректорите кои даваат одлични резултати. Нуди широк спектар на бои на кармини кои се познати по удобното чувство и квалитетната текстура. Производите на MAC ги употребуваат и повеќето од познатите професионални мејк ап артисти.
3. LOREAL
Уникатен козметички бренд, користен од многу луѓе ширум светот. Loreal е создаден во 1909 од страна на Eugene Schueller. Покрај мејк ап производите, брендот произведува и фарби за коса, производи за нега на коса, парфеми и сл. Козметичките производи се наменети и за мажи и за жени.
2. ORIFLAME
Во 1967 година, Jonas Jochnick и Robert Jochnick го создадоа брендот Oriflame, кој нуди голем број на производи како за нега на кожа, козметика, мејк ап, така и парфеми и велнес производи. Oriflame e распостранет во повеќе од 60 држави.
1. CLINIQUE
Clinique е еден од водечките козметички брендови во Америка, создаден во 1968 година и е дел од Estee Lauder Comapnies групацијата. Овој бренд е карактеристичен по својата нежност за сензитивна кожа. Буквално секој производ е импресивен сам по себе, а мејк ап производите исклучително вклучуваат и нега покрај разубавување. Сите производи се анти бактериски обложени и безбедни за употреба. Clinique нуди и дерматолошки и алергиски тестирани производи, без парабени и вештачки бои.
Секоја жена е убава на свој начин, но при нега на кожата, заштита од штетни хемикалии и УВ зраци, особено е важно да се внимава при изборот на козметика. Секој од овие брендови е исклучителен и нуди одличен избор на производи.
Извор: trendrr.net
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.