Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Интервју: Огнен Андоновски – Дј Бугимен “Врвот во оваа работа е да го победиш времето и стереотипите”

163
Прегледи
Сподели на фејсбук

Момчето кое многу често ќе го сретнете низ клубовите во Македонија, но и надвор од земјава. На почеток само пасија, а сега негова професија и главна преокупација веќе 13 години, а веќе 6 години дел од европската диџејска коалиција “Violator Dj’s Europe” како и австриската “Dirty South Entertainment “. Меѓу останатите ангажмани тој е дел од тимот на Метрополис Радио секоја средa преку емисијата “Play Hip-Hop”. Огнен Андоновски – Дј Бугимен, во денешното интервју зборува за неговата кариера, како почнал, зошто со професорска диплома сепак се реши да и даде шанса на музиката, за неговите ангажмани и планови.

Огнен по професија си дипломиран професор по итaлијански јазик, но твоите ангажмани се во друга насока. Како се случи тоа?

Едноставно е, долго сонував за деновите кои ги живеам и работата која ја имам. Се уште не можам свесно да се откажам од сонот кој го живеам во име на некои општествени стереотипи.

12822077_10156649404625002_513026703_n

Во кој момент сфати дека професорската улога не е за тебе?

Па не би рекол дека не е за мене, или не би рекол дека сум го сфатил. Она што го сфатив е дека секогаш едната работа ќе трпи во име на другата. А нешто што повеќе ме исполнуваше, за кое сум мечтаел подолго и искрено било радиото како медиум и ди – џејството како музички израз пред публика. Веќе една деценија тоа е мојата примарна вокација која ми носи повеќе од солиден духовен и материјален бенефит…. Професорската улога е свет сам за себе исто како и диџејството. Во некои дамнешни времиња наставниците или просветителите биле највисокиот авторитет во средината, а денес се поставени на едно недостојно ниво чија работа не само што не е вреднувана, туку честопати злоупотребувана за некои сосема различни цели. Јас би рекол дека во едни поубави времиња сигурно со задоволcтво би бил активен професор.

12736162_10156649405720002_327512011_n

Која е првата песна на која се сеќаваш?

Се сеќавам на првите касети и како наjвпечатлив албум ми беше на “Бајага и инструктори” и од 1988 – “Продавница тајни”. Се сеќавам на корицата од двете страни како и на сите тесктови. Тука беа и други албуми кои случајно се нашле по дома. Ги знаев на памет сите касети, не знам по кој критериум. Интересно е дека плочите почнав да ги забележувам многу покасно, додека не ги изживеав сите касети не го ни погледнував грамофонот. Но, тоа се беше музика која се наоѓаше во домот, а прва касета што сам ја имам одбрано беше мислам првиот албум на Октавијан. Кога ќе земеа плата моите одевме во Југотон и ме частеа по 1 до 2 касети месечно. Тоа беше доста плодна ера и за македонската поп музика.

12784540_10156649407975002_1322554266_n

Што е тоа што најчесто може да се слушне на твоите настапи?

Па, морам да признаам дека го менувам форматот во последниве години прилично често. Иако важам за хип – хоп диџеј, така и имам почнато со диџејството, сетовите ми се разновидни, во зависност од локалот и публиката. Па така има места каде преферирам по шарено музичко патување. Од соул, ар ен би, неколку стилови на фанк музика, па дури и диско и поп. Сè она што го имам научено преку хип хопот, а тоа дека оваа музика има крадено од најдобрите. cемплувајки извонредни артисти ме има одведено во различни музички светови и ери.

Патуваш често надвор од Македонија, професионално и приватно. Каде ти е најубаво, каде би можел да останеш засекогаш?

Па да, патувам често штом ми се даде прилика, т.е се трудам да создадам прилика и 90 проценти од патувањата ми се искомбинирани и со мојата работа. Најмногу би сакал да останам дома, а половина од тие 365 дена во годината да ги поминам патувајќи. Но и кога би работел нешто друго, сигурно би сакал патувањето да ми е составен дел од професионалната окупација. А ако веќе зборуваме “за секогаш” Њујорк е градот кој уште првиот ден ми даде чувство дека тоа е второто место на планетава каде не би се чувствувал како странец. Којзнае….можеби еден ден.

12596282_10156649404620002_78931772_n

Кој е најлудото барање кое некогаш ти го побарале од публиката?

Имало откачени и несоодветни музички желби многу, се сеќавам дека разочарав на една забава еден лик кој ми побара песна “Insomnia”… јас ја пуштив на Faithless, а кутриот очекувал од Карлеуша.

12804471_10156649403765002_495162440_n

За тебе, кој е врвот во оваа кариера?

Врвот во оваа работа е да го победиш времето и стерeотипите. Врвот е кога диџејствувањето ќе се претвори во работна етика и професионален однос кон саатите кои следат. Врвот е да поместуваш бариери и не е само еден, туку се повеќе кои се освојуваат етапно…врвот е да не ја изгубиш никогаш страста и да наоѓаш начини да одолееш на трендовите кои секогаш се тука да те компромитираат моментално.

Подготви: Билјана Настеска – Каланоска

Фото: Г. Полизов

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

ИНТЕРВЈУ: Жарко Димитриоски “Пораснав со Џамбазов и Летерман”

Следен пост

ИНТЕРВЈУ: Сузана Турунџиева ” Во еден сон се видов себеси како пишувам книга “

Следен пост

ИНТЕРВЈУ: Сузана Турунџиева " Во еден сон се видов себеси како пишувам книга "

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.