Како ќе ги прославите празнициве годинава? На што се радувате најмногу?
„Празниците ќе ги поминам во Лос Анџелес, со моето семејство и со пријателите. Не можам да дочекам да почнат божиќните песни, ниту пак мислам дека ова не е соодветно време за нив… јас сум подготвена!“
Што ви значат празниците вам?
„Празниците значат дека е време да ширам љубов и да ја добивам назад од моите најблиски. Ова е мојот омилен период од годината, а јас обожавам апсолутно сè што е божиќно или празнично.“
Постои ли некоја семејна традиција во која учествувате секоја година? Која е таа?
„Секоја година имаме забава вечерта пред Божиќ во куќата на мајка ми. Поканети се многу луѓе што се дел од нашите животи, јадеме, пиеме и се веселиме. Сакате да дојдете?“
На кој божиќен подарок се сеќавате најмногу?
„Мислам дека фактот што можам да се разбудам покрај луѓето што ги сакам е најдобриот подарок за мене. Звучи како клише, ама така е.“
Што е број еден на вашата листа на желби?
„Мора да кажам дека сум благословена што имам сè што можам да посакам, дури и повеќе од тоа. На прво место и понатаму сакам да продолжам да се смеам секој ден.“
Што планирате да подарите вие оваа година?
„И понатаму размислувам за ова… ако имате некаква идеја за подарок, ве молам КАЖЕТЕ МИ!“
Дали купувате подароци во последен момент или планирате однапред?
„Имајте предвид дека имам големо семејство… па дури и кога планирам однапред, не стигнувам.“
Како би ја опишале идеална прослава на празниците?
„Најсовршената прослава на празниците за мене ќе биде да сум опкружена со луѓето коишто ги сакам, да се смееме и да гледаме празнични филмови. А кога го знаете ова, морам да додадам и дека обожавам да сум во кујната да готвам или да печам нешто. Ако не знаете каде сум, побарајте ме во кујната.“
Дали ја менувате својата козметичка рутина заради празничната храна, пиење, забавите и сè што се случува во времето на празниците? Што правите поинаку од вообичаено?
„Имам стандардна и строга рутина на нега. Сметам дека ако се работите постојани, мојата кожа не ми се спротивставува.“
Што имате секогаш во чантата кога одите на забава?
„Секогаш со себе носам црвен кармин, а Pure Color Envy Hi-Lustre во нијанса Drop Dead Red е совршениот избор, според мене.“
Која е вашата омилена празнична песна?
„Го обожавам сите празнични песни. Сите! Тешко ми е да изберам само една.“
Кој е вашиот омилен празничен мирис?
„Modern Muse Le Rouge Gloss.“
Омилена празнична храна?
„Суфле од слатки компири.“
Омилен празничен филм?
„The Grinch… Кога сфаќате дека има срце.“
Вистинска елка или лажна?
„Вистинска!“
Снег: го обожавате или го мразите?
„Го обожавам!“
Купување подароци: он-лајн или во продавница?
„Во продавница.“
Светилките на елката: шарени или бели?
„Само бели.“
Егног или топло чоколадо?
„Топло чоколадо, ама само кога го подготвува мајка ми.“
Интервјуто е направено за потребите на празничната кампања на Estee Lauder.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.